- Трамп: Нетанјаху е добар човек, ама малку се возбудува
- СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема пари за плати и лекови, а има за да ги слави неуспесите
- Истури дожд во Гевгелија – УХМР со убави вести за денеска
- Апсење на Бит Пазар
- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
Author: Author 04
Рускиот нафтен гигант Лукоил се согласи да ги продаде сите свои странски средства на американска инвестициска компанија во договор вреден околу 22 милијарди долари, што е јасен знак дека санкциите што ги воведе администрацијата на Трамп против Москва имаат влијание, објавува Newsweek. Продажбата доаѓа во време кога Лукоил се соочува со осакатувачки санкции од САД, а аналитичарите велат дека овој потег би можел да биде голем економски удар за Кремљ. Лукоил, најголемата приватна компанија во Русија според приходите, со години се одликува со своето силно меѓународно присуство. За разлика од државните енергетски гиганти како Роснефт, Лукоил инвестираше многу во странство…
Денес, Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн. На двостраната средба, министерот Сали се фокусираше на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Северна Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено од Унгарија, како значаен партнер во овој процес. Од своја страна, амбасадорот Клајн ја потврди поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија и изрази подготвеност за унапредување на билатералната соработка во области од заеднички…
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Гостивар, кога автомобил удрил во 13-годишно девојче, по што возачот веднаш го напуштил местото на настанот. Несреќата се случила на улицата „Павле Аврамоски“ околу 12:30 часот. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека малолетничката се здобила со сериозни повреди. „Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар“, информира Реџепи. Екипа од ОВР Гостивар веќе извршила увид на местото на настанот. Полицијата презема интензивни мерки за идентификација на возилото и…
Министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија го зајакнаа билатералниот дијалог и професионалната соработка со потпишување на Меморандум за разбирање за борба против транснационалниот криминал и за развивање на полициска соработка. Меморандумот има за цел зајакнување на билатералната соработка преку споделување информации, спроведување координирани полициски операции, како и преку соработка во областа на градење капацитети и професионален развој. Посебен акцент се става на справување со сложените форми на транснационален криминал, вклучително и тероризмот, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, кибер криминалот, перењето пари, транснационалниот економски криминал, недозволената трговија со оружје и други приоритетни криминални закани…
Руската престолнина Москва се соочува со историски снежни врнежи откако денеска беше измерена висина на снегот од 61 сантиметар. Со ова е надминат досегашниот рекорд поставен во 1994 година, кога максималните наноси изнесуваа токму 61 сантиметар. Евгениј Тишковец, водечки експерт од метеоролошкиот центар „Фобос“, за „РИА Новости“ потврди дека нивото на снег продолжува да расте поради непрекинатите врнежи. „Според референтната метеоролошка станица ВДНХ, како резултат на непрекинатото паѓање снег, неговото ниво порасна на 61 сантиметар, што претставува зголемување од три сантиметри за 24 часа“, изјави Тишковец. Според неговите податоци, во одредени делови на градот состојбата е уште подраматична. Во центарот…
Утре (31.01.2026), со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје, соопшти МВР.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите…
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до својот син по повод неговиот роденден и именден на празникот Свети Антониј Велики. Во објавата, Мицкоски изрази жалење што поради државните обврски често отсуствува од семејните прослави. Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики.„Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија.…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини за секоја земја која директно или индиректно ја снабдува Куба со нафта. Со овој потег, Вашингтон дополнително го засилува притисокот врз комунистичката власт во Хавана, која веќе се соочува со сериозен недостиг на енергенси. Трамп изјави дека мерката е донесена за да се заштитат американската „национална безбедност и надворешна политика од малигните дејствија и политики на кубанскиот режим“. Иако не прецизираше кои земји ќе бидат први на удар, наредбата овозможува воведување на т.н. „ad valorem“ давачки врз сите производи кои доаѓаат од државите-добавувачи. Американскиот претседател деновиве упати…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, упати јавна поддршка за идејата неговата позиција во иднина да ја преземе жена. На традиционалната новогодишна прес-конференција во Њујорк, тој истакна дека светската организација е подготвена за ваков чекор. „Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело. Немам никаков сомнеж во тоа“, изјави Гутереш. Актуелниот шеф на ОН, кој е на функција од 2017 година, својот втор мандат го завршува кон крајот на 2026 година. Во историјата на ОН, највисоката функција досега никогаш не ја извршувала жена. „Вистината е дека, без разлика дали во Обединетите нации или…
Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини. Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од жителите на улица „Македонско Косовска Бригада“ (спрема подвозникот кај Визбегово), како и дел од корисниците од улица „Индира Ганди“, лоцирани покрај пругата кај подвозникот во општина Шуто Оризари. Во општина Карпош, во периодот од 09.00 до 15.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Фјодор Достоевски“.
