Author: Author 04

Четворицата осомничени за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров се приведени, а според извори од истрагата, тие веќе ги признале кривичните дела во полициска станица. Нивна мета биле повозрасни лица кои живееле сами, а жртвите биле врзувани и претепувани, по што од нивните домови биле одземани пари и злато. Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека вчера (27 октомври) се лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Тие се осомничени за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври…

Повеќе

Обвинителката Искра Хаџи Василева е победничка на денешните избори за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неофицијално дознава Пресс24. Според информациите на Пресс24, од првично обработените гласачки ливчиња, Хаџи Василева освоила најголема поддршка од обвинителите кои денеска гласаа за избор на нов раководител на ова обвинителство. На денешните избори право на глас имаа вкупно 187 јавни обвинители од целата држава, кои преку непосредно и тајно гласање избираа меѓу петмина кандидати. Покрај Хаџи Василева, во трката учествуваа и Фатон Азизи од Обвинителството за организиран криминал, Трајче Пеливанов и Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје, како…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (29 октомври) повеќе населени места и улици во Скопје и околината привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија. Во општината Кисела Вода, во периодот од 08:30 до 10:30 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Борис Трајковски“, поточно реонот од „Новус Трејд“ до „Европа Гуми“. Во општина Петровец е најавен подолг прекин поради замена на столб на 10-киловотен далековод. Поради тоа, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Дивље, Сушица, Живиње и Катлановска Сушица. Истата деноноќна смена ќе опфати и дел од Гази Баба,…

Повеќе

Четириесетгодишен маж се здобил со убодна рана во стомакот откако бил нападнат од свој колега по вербална расправија во просториите на компанија во Батајница, Белград. Инцидентот се случил на 26 октомври околу 23 часот во сместувачкиот капацитет на фирмата, каде што неколку вработени престојувале заедно. Според изјавата на повредениот, нападот следувал откако тој му забележал на својот 30-годишен колега за гласната музика и кршењето предмети додека славел раѓање на дете, по што тој заминал во кујната, земал нож и го прободел. Полициските службеници на местото на настанот го затекнале повредениот со убодна рана во абдоменот, но во свесна и комуникативна…

Повеќе

Осумгодишно девојче е тешко повредено откако било нападнато од волк во зоолошка градина во германската покраина Бранденбург, соопштија од локалната полиција. Поради сериозноста на повредите, детето било итно префрлено во болница со хеликоптер на медицинската служба. Според пишувањето на германски „Дер Шпигел“, во моментот на нападот со девојчето биле уште две деца и еден вработен во објектот. Зоолошката градина, која е во приватна сопственост и се наоѓа на околу 45 километри јужно од Берлин, веднаш по инцидентот е привремено затворена за посетители. Според официјалната веб-страница на комплексот, таму се сместени повеќе видови диви животни, меѓу кои кафеави мечки, рисови, сиви…

Повеќе

Поранешната шпанска министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез е меѓу загинатите во тешката железничка несреќа кај Урда, во покраината Толедо, објави весникот „АБЦ“, повикувајќи се на извори од раководството на Народната партија. Бањез патувала кон Севиља за да присуствува на одбележувањето на Денот на претприемништвото, наоѓајќи се во еден од возовите што утрото се судрија на линијата Мадрид – Севиља. Нејзината матична организација ЦЕОЕ претходно потврди дека таа била меѓу патниците во возот, додека нејзиното семејство неколку часа се обидувало да стапи во контакт со неа. Несреќата се случила утрото околу 8:54 часот, кога дошло до директен судир…

Повеќе

Во канцеларијата на Народното собрание на Република Српска денеска пристигнала е-порака со заканувачка и вознемирувачка содржина, во која се упатуваат повици за насилство и собирање средства за цели на џихад. Според соопштението од кабинетот, авторот на пораката се претставува како член на „џихадот во БиХ“, а текстот содржи повеќе неповрзани барања и повици за ликвидација. Канцеларијата на претседателот на Народното собрание веднаш ги известила надлежните безбедносни служби. Канцеларијата на Народното собрание на Република Српска ја препрати оваа порака до надлежните органи на Министерството за внатрешни работи за понатамошно дејствување – соопштија од Канцеларијата на претседателот на Народното собрание на Република…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици. Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на…

Повеќе

Директор на јавно претпријатие во Делчево доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против С.С. од Делчево, директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување‘‘. Имено, ријавениот, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во текот на јуни и јули 2025 година, без согласност од раководител, одобрил вработена да искористи 15 работни денови од остварени вишок работни часови, а кои всушност ги немала изработено.

Повеќе

Двајца млади велешани се здобиле со тешки телесни повреди откако со патничко возило излетале од коловозот и удриле во дрво на улицата „Вардарска“ во Велес. Сообраќајната несреќа во Полициската станица Велес била пријавена синоќа, на 27 октомври, во 23:40 часот. Според информациите од МВР, во инцидентот учествувало патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Б.Т. од Велес, во кое како сопатник се превезувал и неговиот сограѓанин Д.П. (27). По ударот, двајцата со тешки телесни повреди биле пренесени во Општата болница во Велес, каде што им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите. На местото на настанот…

Повеќе