- Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила – МВР го обезбеди сторителот
- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
Author: Author 04
Човековите права не се тема што припаѓа исклучиво на законите, стратегиите или меѓународните документи. Тие се препознаваат во секојдневната работа на институциите, во начинот на кој се постапува по барањата на граѓаните, во квалитетот на услугите што ги добиваат и во одлуките што директно влијаат врз нивниот живот. Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денес потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права. На настанот се обратија…
Лишени од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило, 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило, 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола. По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале…
Припадници на српската полиција во Врање приведоа државјанин на Северна Македонија, кој се сомничи за извршување на продолжено кривично дело измама. Според полициското соопштение, осомничениот С.К. (1970) во периодот од 4 до 13 јуни годинава телефонски контактирал тројца граѓани од врањскиот регион. Тој им се јавувал на фиксните телефони и лажно се претставувал како лекар од Северна Македонија. Осомничениот ги доведувал граѓаните во заблуда со тврдења дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени. По телефонскиот разговор, С.К. заминувал директно на нивните домашни адреси, од каде што подигнувал големи суми пари. Против приведениот македонски државјанин ќе биде поднесена…
Во општина Гази Баба денеска официјално беше означен почетокот на градежните работи за санација на мостот „Естакада“, кој претставува една од клучните сообраќајни точки за овој дел од градот и еден од најфреквентните излези од Скопје. Проектот опфаќа реконструкција на пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 метри квадратни, од кои 3.800 квадрати ќе бидат целосно изгребани и обновени со два нови слоја асфалт, а нов асфалтен слој ќе добие и самиот мост. Градежните активности ќе опфатат вкупна должина од 1,5 километри коловоз. Дополнително, на терен ќе се изврши замена на рабниците, изработка на нови асфалтни тротоари, чистење, санација и…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 ден/кг и сега ќе…
Вчера во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од с.Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба“. Претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите. Според пријавеното, двајцата на безбедносни камери биле забележани дека и на 30.05.2026 извршиле слична кражба. Тие биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Опозициската АКТ денеска излезе со нови тврдења за тендерски скандали, во кои обвинува дека омилените изведувачи на власта во десетици општини низ државата работат по ист образец, користејќи ги услугите на само две фирми за проектирање и стручен надзор – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“. Членот на Извршниот одбор на АКТ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција посочи дека претходно објавените три фирми-изведувачи „Ленди Груп“ (17,6 милиони евра), „Пирамид билдинг солушнс“ (16 милиони евра) и „Масев ДООЕЛ“ (18 милиони евра), се директно поврзани во бизнис-шема со парите од унгарскиот кредит. Според АКТ, во општина Кисела Вода и во општина Илинден, каде изведувач…
Вчера во 22:45 часот во с.Палатица, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода З.Р.(67) од с. Палатица. Тој бил пријавен од Н.С.(40) од истото село дека околу 18:00 часот во дворот на основното училиште во селото физички го нападнал неговиот 11-годишен син, при што употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 23:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.П.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал С.Л.(35), нејзината малолетна ќерка, како и С.С.(33) и М.С.(57). По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14/15.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(27), Д.М.(43), Т.К.(25), сите од Скопје и Ф.М.(44) од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
