Денеска по претходна пријава дека на патот Гостивар – Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода, соопштија од МВР.
Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
- Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
- Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
- Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
- Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
- Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
- Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
- (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
- Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

