Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза

    28.10.2026 во 12:39

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово
    • Кривична пријава за сопственик на фирма од Валандово за намерно предизвикување стечај
    • Николоски: Реализираме амбициозна агенда за инфраструктурен развој
    • Месечна временска прогноза: Вистинската зима доаѓа на крајот на ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска студентските претставници ќе се сретнат со премиерот и министерката за образование и наука, со цел да ги презентираат актуелните проблеми со кои се соочуваат. Во фокусот на средбата се очекува да биде барањето за зголемување на субвенционираниот студентски оброк.

    Средбата се одржува по обвинувањата од дел од студентските собранија дека износот на студентскиот оброк не е зголемен три години и дека надлежните не ги почитуваат законските одредби.

    Студентите посочуваат дека сегашниот износ не е усогласен со стапката на инфлација. Согласно законските измени од 2023 година, субвенционираниот студентски оброк беше зголемен од 120 на 140 денари, со предвидена годишна корекција согласно инфлацијата. Сепак, според студентските претставници, оттогаш износот не е зголемен ниту за еден денар.

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ги демантираше ваквите обвинувања.

    „Нема кршење на законот. Затоа што во 2023 година ми е покачено повеќе од инфлациската стапка — покачено е за 20 денари, што е повеќе од инфлациската стапка. Потоа имаме пишани документи во кои студентите велат

    – Не сакаме покачување, сакаме проширување на квотата. Ние сме ја прошириле квотата. До моментот на нивното барање важи тој договор. Значи, и покачувањето од 20 денари ја покрива 2025 година, односно и дел од 2026 година, до нивното ново барање. Од нивното ново барање, за кое заеднички сме се согласиле, сега разговараме понатаму за тоа што тие сакаат. Всушност, ние сега ги слушаме нивните барања“, изјави министерката Јаневска пред медиумите.

    Според најавите, на денешната средба ќе се разговара и за воведување ваучерски систем, по примерот на Словенија. Со овој модел, средствата за субвенциониран студентски оброк би можеле да се користат исклучиво за купување храна во одредени продавници, ресторани и бифеа. Тоа би претставувало промена во однос на актуелниот систем, според кој студентите добиваат по 840 денари неделно, кои можат да ги трошат по сопствен избор, вклучително и за производи што не се храна, како цигари и алкохол. „Нашата понуда им е кажана. Тие треба да одлучат што сакаат. Ваучерскиот систем прво треба да го прифатат. Доколку го прифатат, ќе преговараме. Па, јас веќе еднаш изјавив дека, ако ја пресметаме инфлацијата за оваа година, таа ќе изнесува 147 денари, што сметам дека на НИФ нема да им значи многу. Ќе разговараме за други суми, ќе разговараме за други суми и ќе видиме до кое решение ќе дојдеме. Штом дојдеме до некакво решение, вие ќе бидете информирани“, доаде Јаневска.

    Средбата е закажана за во 01.15 часот, а најавени се и изјави на студентите после истата.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26

    Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово

    28.10.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.