Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:02

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00

    Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник

    28.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети
    • Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник
    • Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи
    • Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок
    • Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените
    • Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром
    • Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот

    28.10.2026 во 14:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ќе продолжи со, како што ја нарече, пробизнис и проекономска политика, оценувајќи дека економските показатели покажуваат раст на економијата и пониска инфлација.

    „И Европската комисија, и Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка го потврдуваат тоа што ние како Влада го зборуваме, дека во регионот сме држава со највисока стапка на раст на бруто домашниот производ и со најниска стапка на инфлација“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека во вториот квартал од годинава економскиот раст изнесувал 4,3 проценти, додека инфлацијата, според него, се движи меѓу два и три проценти.

    „Денеска гледаме дека имаме за 25 проценти пониска стапка на инфлација од онаа што е европскиот просек. А тоа е резултат на политиките на Владата“, рече Мицкоски.

    Премиерот се осврна и на обврските за враќање и рефинансирање на претходно земени заеми, тврдејќи дека во следните две години станува збор за околу пет милијарди евра.

    „За следната, 2027 година, треба да презапишеме или да вратиме заеми од минатото во вредност од 2,3 милијарди евра. Во 2028 година треба да презапишеме или да вратиме заеми од минатото од 2,7 милијарди евра. Значи, само за две години треба пет милијарди евра или да презапишеме или да вратиме“, рече Мицкоски.

    Тој оцени дека Владата наследила тешка финансиска состојба, но најави продолжување на реформите.

    „Тешко е, не е лесно. Не е идеално, не може сè да биде идеално, но многу е подобро од тоа што беше пред три или четири години. Убеден сум дека со оваа политика за три или четири години ќе биде многу подобро од тоа што е денес“, изјави премиерот.

    Прочитај повеќе

    Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети

    28.10.2026 во 14:00

    Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник

    28.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.