- Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила – МВР го обезбеди сторителот
- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
Author: Author 04
Медиумите на албански јазик во Македонија го објавија идентитетот на 26-годишната девојка од земјава која вчера трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Албанија. Станува збор за Елмедина Љога од струшкото село Ливада. По објавувањето на оваа информација, во јавноста беа споделени и нејзини фотографии, а веста предизвика голема тага кај жителите на струшкиот регион и пошироко. Тешката сообраќајна несреќа се случила вчера на патниот правец Поградец – Ќафасан. Според достапните информации, младата девојка била сопатничка во автомобил управуван од друга жителка на истото струшко село. Возилото во кое се наоѓала настраданата директно се судрило со автомобил управуван…
Летото 2026 година во Македонија се очекува да биде значително потопло од повеќегодишниот просек. Според најновите прогнози, земјава ќе биде под влијание на чести и интензивни топлотни бранови од Африка, кои ќе донесат екстремно високи температури. Во поголемиот дел од државата температурите често ќе надминуваат 35 степени Целзиусови, додека во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточните предели тие неретко ќе се искачуваат над 40 степени, особено во текот на јули и август. Се очекува појава и на таканаречени тропски ноќи, кога температурите ниту во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени, што ќе биде…
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите. „Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка…
Вчера околу 17:20 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово. Подоцна, околу 18:30 часот, во селото Сараќино, бил приведен и Б.С. (37) од истото село. Како што соопшти полицијата, претходно во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот жена била забележана како физички го малтретира своето тримесечно бебе. Лицата кои го пријавиле настанот интервенирале и веднаш ја известиле полицијата. За случајот биле известени социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање…
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта. Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој. Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција. Првенци на генерацијата 2025/2026 година се: „Средствата за наградите на првенците на генерација се озбезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош. Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители…
Голем пожар попладнево избувна во атарот на штипското село Долани, каде што беше зафатена огромна површина со сува трева, стрниште и нискостеблеста шума. Благодарение на брзата и координирана интервенција на противпожарните служби, локалното население и воздушната поддршка, пожарот е целосно ликвидиран во вечерните часови. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Штип информираше дека пријавата за пожарот била примена во 15:05 часот. Поради опасноста огнот да се приближи до куќите, веднаш била покрената масовна акција за негово локализирање. На терен излегле екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип со 4 противпожарни возила и 15 пожарникари, на кои им…
Австралиските власти запленија голема пратка со над 100.000 егзотични лебарки, чиј увоз и чување се строго нелегални во оваа земја. Акцијата, која била спроведена во текот на месец мај, е опишана како досега најголема заплена на егзотични инсекти, соопшти Министерството за климатски промени, енергија, животна средина и води. Интервенцијата е извршена кај комерцијален одгледувач во градот Батерст, кој се наоѓа во сојузната држава Нов Јужен Велс. Вкупната вредност на запленетата нелегална пратка се проценува на 142.000 американски долари. Пратката содржела мадагаскарски шушкави лебарки и лебарки од видот дубија, кои се значително поголеми од автохтоните австралиски видови и достигнуваат должина од…
Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, делови од неколку скопски општини и околината денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија. Во општина Кисела Вода, без електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Банско“. На територијата на општина Карпош, прекин е најавен во околината на Природонаучниот музеј и објектот на „Тобако“ лоциран кај Зоолошката градина, кој ќе трае од 09:00 до 11:00 часот. Истовремено, во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат и жителите од улицата „10“ во населеното место Кадино. Од надлежните служби информираат дека прекините се…
Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа историска мировна спогодба со која се предвидува прекин на непријателствата и повторно отворање на стратешкиот Ормузки теснец. Веста за договорот прв ја соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој имаше улога на клучен посредник во неколкумесечните тензии на Блискиот Исток, а подоцна информацијата ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп. Според информациите што ги објави 4news.mk, како дел од оваа спогодба за прекин на војната, САД ќе ја укинат комплетната морска блокада на иранските пристаништа. Официјалното потпишување на мировниот документ е закажано за овој петок во Швајцарија, јави „Скај њуз“. На претстојната церемонија најавено е…
Ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на нестабилни влажни бранови се очекуваат во текот на утрешниот и задутрешниот ден во Македонија. Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, земјава во вторник и среда (16 и 17 јуни 2026 година) во попладневните часови ќе биде под влијание на поладен атмосферски фронт од север. Како последица на овој бран, на повеќе места во државата ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра кои ќе донесат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд,…
