На денешен ден, во 2006-та година на 74-годишна возраст починал еден од последните доајени на македонската народна музика Наско Џорлев.
Со неговата хармоника зад себе оставил стотици песни како „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Стумица на улица“, „Фато, мори, душманке“, „Дедо мили златни“ и многу други.
Од неговата школа „Оркестарот на Наско Џорлев“ излегле плејада пејачи и музичари, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, Уснија Реџепова, Ферус Мустафов и многу, многу други.

