- Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила – МВР го обезбеди сторителот
- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
Author: Author 04
Почетокот на работната недела започнува со динамични планетарни аспекти кои влијаат врз сите знаци во зодијакот. Месечината во емотивниот Рак и Сонцето во Близнаци создаваат внатрешен конфликт меѓу логиката и чувствата. Меркур ја зајакнува нашата интуиција, правејќи го денот одличен за решавање на стари конфликти и планирање на големи финансиски потези во еврозоната, објави 4news.mk. Бидете внимателни со остри изјави, бидејќи Марс предупредува на скриена тензија. Прочитајте што предвидуваат ѕвездите за вашиот знак денес. Овен: Почетокот на неделата бара од вас да забавите. Марс ве турка кон брзи одлуки, но влијанието на Месечината ве советува добро да размислите за вашите…
Голем пожар рано утрово избувна во трговскиот центар „Ењуб“, кој се наоѓа во населбата Нов Белград, јави српскиот јавен сервис РТС. Според првичните информации од локалните медиуми, на местото на настанот веднаш биле упатени бројни противпожарни екипи. Засега нема официјални информации за евентуално повредени или настрадани лица во овој инцидент. Како што неофицијално дознава РТС, огнената стихија зафатила повеќе деловни локали, како и кровната конструкција на трговскиот центар. Во гаснењето на пожарот на терен учествувале околу 40 пожарникари, кои интервенирале со десет противпожарни возила цистерни. Поради сериозноста на ситуацијата и ширењето на огнот, жителите од околните станбени згради биле итно…
Цените на суровата нафта на светските пазари паднаа за околу четири проценти по објавата на американскиот претседател дека е постигнат мировен договор со Иран, пренесуваат светските медиуми. Соединетите Држави ќе ја прекинат поморската блокада на иранските пристаништа во замена за слободен проток на комерцијалниот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Како што пренесува Си-ен-ен, цените на суровата нафта од типот „брент“ паднаа за 3,9 проценти и таа се продава за околу 84 долари за барел. Истовремено, цената на американската сурова нафта бележи пад за 4,8 проценти и изнесува 81 долар за барел. Доколку се стабилизира на тоа ниво, тоа ќе биде најниската…
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност. Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба,…
Голема драма се одвивала на познатата плажа во местото Неи Пори во Грција, каде 70-годишен турист од Македонија за малку ќе го загубел животот додека се капел во морето, пренесуваат грчките медиуми. Според првичните информации, мажот ненадејно ја изгубил свеста додека бил во водата. За среќа, дежурниот спасувач навреме ја забележал опасната ситуација на терен и веднаш интервенирал. Тој успеал брзо да го извлече македонскиот турист од морето пред да биде предоцна за неговиот живот. Благодарение на оваа брза реакција на спасувачките служби, на плажата не било потребно да се изведува класична кардиопулмонална реанимација. Откако бил извлечен на брегот, на…
Мицкоски ги излажаа земјоделците, велат од СДСМ. „Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем. Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото. Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не…
Денеска во 15:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на трибина посветена на органодарителството и значењето на трансплантацијата во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето на ТВ Сител, информираше за постигнатите договори со турските министри за трговија и за транспорт за време на Бизнис форумот во Истанбул. Според неговите зборови, од 2 јули се воведува нова директна авиолинија Анкара-Скопје, а договорено е и железничко карго поврзување меѓу двете земји. Николоски потенцираше дека голем број турски компании покажале сериозен интерес за инвестирање во Македонија. Министерот додаде дека односите меѓу двете држави се одлични, што се потврдува и со официјалниот пречек на премиерот Христијан Мицкоски од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Има голем интерес на турски…
Едно лице се здобило со полесни изгореници во пожарот што вчера избувна на потегот меѓу селата Долани и Љуботен во општина Штип, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На повредениот граѓанин веднаш му била укажана соодветна медицинска помош, а засега нема информации за други настрадани лица. Од страната кон селото Долани со помош на трактори навреме се изорани заштитни појаси во земјата. По оваа брза интервенција, пожарот на тој дел е ставен под контрола и е спречено неговото понатамошно ширење кон населеното место. Сепак, според последните податоци од ЦУК, огнената стихија во моментов се шири во правец кон…
Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор а на штета на македонските национални интереси. Филипче и раководството на СДС…
