Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Се подготвува нов Закон за лековите

    03.11.2026 во 16:51

    УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште

    03.11.2026 во 16:43

    Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    03.11.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Се подготвува нов Закон за лековите
    • УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште
    • Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
    • Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила
    • Клековски: Регистриран е петтиот случај на морбили во Македонија
    • МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
    • (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
    • (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Се подготвува нов Закон за лековите

    Клековски: Се подготвува нов Закон за лековите

    03.11.2026 во 16:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По 19 години и повеќе од 20 измени на постоечкиот закон, се подготвува нов Закон за лековите кој ќе донесе целосно усогласување со европското законодавство, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски по одржаната национална консултација.

    На консултативниот состанок учествуваа претставници од здруженијата на пациенти, фармацевтските комори, индустријата, експерти и владини институции.

    Според министерот Клековски, со новата законска рамка досегашниот закон од 2007 година се заменува со нов, при што лековите и медицинските средства добиваат посебни закони, а во следната фаза е предвидено и издвојување на посебен закон за фармацевтската дејност.

    „За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие терапијата, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба“, посочи Клековски.

    Како следни чекори се најавени разгледување на сите забелешки, воспоставување посилни механизми против недостиг на лекови, поедноставено пријавување на несаканите реакции, како и план за имплементација со Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

    „Законот ќе вреди онолку колку што ќе се примени. Затоа за секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства и во кој рок“, нагласи министерот.

    Процесот се реализира со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија.

    Прочитај повеќе

    УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште

    03.11.2026 во 16:43

    Мицкоски на средба со Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

    03.11.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.