Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

    03.11.2026 во 15:25

    (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода

    03.11.2026 во 15:17

    Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“

    03.11.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
    • (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода
    • Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“
    • Прпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над милион евра
    • Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров
    • Напад во средно училиште во Скопје: Малолетник претепал 18-годишник, па со другарите му се заканувале
    • Инцидент кај клучка Хиподром: Му го попречиле патот, па двајца излегле од автомобил и го нападнале
    • Драма во Карпош: Татко се заканувал на малолетната ќерка по телефон, па се појавил пред врата и почнал да тропа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

    (ФОТО) Тошковски: По повеќе од 15 години базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

    03.11.2026 во 15:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

    Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

    „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

    Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

    Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

    Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

    „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Пуштена во употреба новата градинка „Ѕвездички“ во населбата Подстаница во Кисела Вода

    03.11.2026 во 15:17

    Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“

    03.11.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.