Author: Author 04

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Претходната недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,00 денари по литар додека пак малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,50 денари по литар.

Повеќе

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги потсетува сите учесници во сообраќајот дека од полноќ, односно од денеска (15 јуни), стапуваат во сила измените во системот за наплата на патарините. Според новата одлука, лентите кои се означени за М-Таг во иднина ќе бидат наменети исклучиво за корисниците на овие електронски уреди за наплата. Од државното претпријатие апелираат до граѓаните пред да пристигнат на самите наплатни станици внимателно да ги следат информативните електронски табли и навреме да ја изберат соодветната лента. Официјалното соопштение јасно ги дефинира промените кои веќе се активни на терен. „Лентите означени за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво…

Повеќе

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер. Во западните делови ветерот ќе биде од западен правец и наместа повремено ќе засилува. Долж Повардарието и во источните делови од земјата се очекува ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност. Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер, претежно…

Повеќе

Новата недела од 15-ти до 21-ви јуни носи спој на енергии од младата Месечина во Близнаци, влегувањето на Венера во Лав и почетокот на сезоната на Рак. Астролозите и толкувачите на тарот веруваат дека оваа комбинација носи моќни увиди, емоционални пресврти и можности за нови почетоци. Колективна карта на неделата е Високата Свештеничка, која симболизира интуиција и внатрешна мудрост. Пораката е дека одговорите веќе ги знаете, само треба да им дадете доволно простор. Овен, Бик и Близнаци За Овенот се предвидува тензија во комуникацијата поради картата Петка на стапчињата. Советот е помудро да ги избирате битките бидејќи не секој аргумент…

Повеќе

Тринаесетгодишно момче синоќа украло патничко возило марка „Дачија“ во белградската населба Гроцка, по што предизвикало сообраќајна несреќа, пренесува српскиот портал „Telegraf.rs“. Инцидентот започнал во петокот вечерта кога локален жител пријавил во полиција дека неговиот автомобил исчезнал од пред неговата куќа. Сопственикот му ја олеснил работата на детето бидејќи го оставил возилото отклучено, со клучот во бравата. Полициската патрола веднаш започнала потрага, но во меѓувреме момчето ја изгубило контролата над „Дачијата“ и удрило во друго возило. Во сообраќајната несреќа е предизвикана значителна материјална штета, но за среќа нема повредени лица. Откако полицијата го привела малолетникот во станица, тој го објаснил мотивот…

Повеќе

Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во сабота, 13 јуни, во 11:22 часот во Егејското Море, во близина на Измир. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од овој турски град. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,5 километри под површината на земјата.

Повеќе

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки Вчера во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се задржани во полициска станица и…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот претпладне низ мерните станици во државата. Според мерењата, највисока температура во овој дел од денот е регистрирана во Гевгелија, каде се измерени 25,3 степени. Веднаш зад Гевгелија се Демир Капија со 25,1 степен, Струмица со 24,8 степени и Велес каде се регистрирани 24,4 степени Целзиусови. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, во 11 часот се измерени 23,2 степени, додека во Штип термометарот покажуваше 23,1 степен. Во градовите од централниот и источниот дел, Кавадарци бележи 23,9 степени, Крива Паланка 20,3 степени, а во Виница се измерени…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објавата на X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, наведува Филипче.…

Повеќе

Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВРЕДИ за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ. „Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Северна Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап на институциите во создавањето нови мостови на соработка со бизнис-заедницата и инвеститорите. Владата, со своите претставници од ВЛЕН, работи на создавање поволна инвестициска клима преку политики што го поддржуваат производството, иновациите, технолошкиот развој и отворањето нови работни…

Повеќе