- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција што се одржа во Истанбул. Настанот беше посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците со цел унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена. На овој економски настан учествуваше висока македонска владина делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во составот на делегацијата беа вклучени и ресорните министри од економската, енергетската и инфраструктурната област. Во рамки на форумот,…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) објави јавен повик за ангажирање поранешни припадници на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици за организирано учество во гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари. За тримесечен ангажман во текот на летото, Дирекцијата нуди паричен надоместок од 2.150 евра (односно 44.000 денари месечно нето / 132.000 денари вкупно) преку договор на дело, при што на пензионерите не им се прекинува исплатата на редовната пензија. Од ДЗС информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, без разлика дали се во пензија или од други причини ги напуштиле службите. Потребно е…
Град Скопје ги продолжи активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини, со фокус на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош. Во рамките на оваа офанзива, на терен е започнато уредувањето на овој простор кој важи за еден од најпосетуваните и најубави паркови во главниот град. На локацијата веќе се поставува нова урбана опрема, што вклучува замена и монтирање на нови клупи и корпи за отпадоци. Исто така, градежните екипи вршат целосно уредување и санација на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. Од градската администрација посочуваат дека целта на проектот е да се подобрат…
Медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“, за да го прикажат потенцијалот на железничкиот јавен превоз во однос на патниот. Турата почна со градски автобус од Карпош 4 до Маџари, по што учесниците се префрлија на воз до Железничката станица – Скопје, кој ја помина делницата за речиси пет минути додека автобусот сè уште беше на пат. Експертот за урбана одржлива мобилност од „Го грин“, Дарко Арсовски-Петровски, истакна дека оваа активност за првпат се одржува во земјава. „Денеска сме на Железничката станица – Скопје као…
Македонија се соочува со нагло и енормно заладување во рок од само едно деноноќие, покажуваат официјалните податоци од мерните станици низ државата. Според температурата објавена од УХМР вчера во 14 часот најтопло било во Велес со измерени 33,8 степени. Веднаш зад Велес, екстремно високи температури вчера биле измерени и во Гевгелија и Демир Капија каде живата во термометарот достигнала до 32,7 степени. Новите мерења од денеска, 12.06.2026 година бележат драматичен пад на вредностите во сите градови. Денеска во 14 часот највисоката температура во државата е заведена во Демир Капија и изнесува само 24,3 степени, што е за над 8 степени…
Шеесет и деветгодишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак, кој беше повреден во вчерашниот пожар, е во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиничката болница во Штип информираат дека пациентот е подобар, но поради здобиените изгореници по екстремитетите и вдишаниот чад, тој и понатаму ќе остане под буден лекарски надзор. Мажот заработил изгореници од втор степен на двете потколеници и на левата рака во моментот кога се обидувал сам да го гасне пожарот кој го зафатил кровот на неговата викендица. Според информациите од Дарко Коцев, пожарникар водич во ТППЕ-Штип, материјална штета е предизвикана на една викенд куќа во…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред. „Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува…
Вчера околу 17:30 часот на улицата „Јанко Глигоров“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле Д.Н.(37) затоа што под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување. Како што се наведува во полицискиот билтен, откако бил спроведен во полициска станица продолжил со агреисвното однесување, се заканувал на полициски службеници и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција. При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките. Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случаите…
Вчера во 12:25 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано ,,Турски андак’’, 16-годишник од с.Разловци, делчевско, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
