Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта

    03.11.2026 во 10:59

    Рекордна реализација на капитални расходи во Општина Ѓорче Петров: Над 193 милиони денари за десет месеци

    03.11.2026 во 10:54

    ДУИ бара список на сите институции што имале пари во Алта банка

    03.11.2026 во 10:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта
    • Рекордна реализација на капитални расходи во Општина Ѓорче Петров: Над 193 милиони денари за десет месеци
    • ДУИ бара список на сите институции што имале пари во Алта банка
    • Трагедија на меч во втората шпанска лига: Играч почина на теренот
    • Националниот дата-центар треба да почне да се гради во 2027 година – Владата бара инвеститори
    • Регионот се соочува со уште еден студен бран – доаѓаат дожд и снег
    • Една од најцрните страници во македонската историја: Повторно рочиште за пожарот во Кочани
    • Митева: ВРЕДИ ја пропушти можноста да покаже дека се разликува од ДУИ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта

    Трагедија на маратон: 24-годишна девојка почина на 3 км пред целта

    03.11.2026 во 10:592 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_alp3e9alp3e9alp3
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема трагедија го одбележа маратонот во Њујорк, каде што 24-годишната Рејчел Апа почина откако се струполи во Централ Парк, на само три километри од финишот.

    Поранешната универзитетска хокеарка на трева ненадежно колабирала за време на последната делница од трката, околу 13:30 часот. Присутните веднаш притрчале на помош, а двајца лекари од гледачите наизменично се обидувале да ја реанимираат.

    Медицинскиот тим брзо пристигнал со дефибрилатор, по што Рејчел била пренесена во Медицинскиот центар „Маунт Синај“. Лекарските екипи се бореле за нејзиниот живот шест часа, но во 21:40 часот била констатирана смрт.

    Според нејзиниот татко Стив, причина за смртта била рабдомиолиза – ретка состојба што предизвикува брзо разградување на мускулите и ослободување на штетни супстанции во крвотокот.

    Рејчел се подготвувала со месеци за овој маратон, а трката ја посветила на собирање средства за истражување на Паркинсоновата болест, од која во 2022 година починал нејзиниот дедо.

    За време на маратонот таа комуницирала со својот татко преку пораки. На 18-та милја му напишала „Ау“, а една милја подоцна пратила „Ау, ау“. На 23-та милја му јавила дека се наоѓа во последната линија, по што повеќе не одговорила.

    Нејзината мајка Мишел, која ја чекала на целта, преку апликацијата за следење забележала дека ќерка ѝ застанала на 24-та милја и пристигнала на местото во моментот кога екипите на итна помош ја транспортирале кон болницата.

    Организаторите на Њујоршкиот маратон изразија сочувство до семејството и потврдија дека ова е прв смртен случај на трката од 2024 година.

    Прочитај повеќе

    Регионот се соочува со уште еден студен бран – доаѓаат дожд и снег

    03.11.2026 во 10:40

    Пожар во зграда, 15 жители итно евакуирани: Драма во Чачак

    03.11.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.