Author: Author 04

Ноќескаво Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Повеќе

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за понатамошно јакнење на административните капацитети во насока на поефикасно извршување на надлежностите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните. Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството за локална самоуправа обезбедува стручна, техничка и советодавна поддршка…

Повеќе

Пет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи информираше за своето учество на големиот Бизнис форум во Истанбул, посветен на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Турција. За време на своето обраќање пред присутните бизнисмени, премиерот ги потенцираше долгогодишните врски меѓу двете држави како одлична основа за напредок. „Денеска во работна посета на Истанбул, Република Турција, учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во своето обраќање истакнав дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со прашањето за уставните измени. Од владејачката партија реагираат дека договорот потпишан од претходната власт е штетен за државните позиции, а истовремено ги штити туѓите интереси. Петрушевски потенцираше дека евентуалното отворање на Уставот под сегашните услови со себе носи долгорочни ризици за македонскиот идентитет. „Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, прифаќањето на овие услови без дополнителни гаранции би значело почеток на низа…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.К.(36) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени грутчеста и прашкаста материја. На 11.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје…

Повеќе

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека нагло го променил ставот и сега брза кон брзи предвремени избори. Од опозициската партија порачаа дека Мицкоски со месеци тврдел дека избори нема да има, но сега најавува дека тие ќе се случат „многу скоро“, со што, според нив, уште еднаш докажал дека неговиот збор не вреди ништо. Жерновски потенцираше дека СДСМ нема да биде соучесник или покритие за ваквите намери на премиерот. „Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување…

Повеќе

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто преземаа соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со тежина…

Повеќе

Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки.ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со обезбедени 128 милиони евра. Доколку проектот беше реализиран, граѓаните ќе имаа современ Клинички центар уште во 2021…

Повеќе

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министеротза транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул. На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување…

Повеќе