- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Заменикот-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја обвини опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за двојни аршини во врска со случувањата околу Алта банка. Петрушевски направи споредба со предметот за Еуростандард банка, посочувајќи дека реакцијата на опозицијата во сегашниот случај е лицемерна. „СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени“, рече Петрушевски. Тој потсети на околностите под кои пропадна Еуростандард банка за време на претходната власт. „Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка,…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. „Првопријавената, на работно место полицаец во Прифатниот центар за странци при РЦ за ГР Север, на 28.09.2026, за време на посета во Прифатниот центар за странци, од мајката на привремено задржано женско лице одзела еден златен и…
Вчера во 20:45 часот полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Р.(24) од Велес, соопштија од МВР.Тој бил забележан во кругот на Казнено – поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, при што од џеб му паднале 193 таблети, кои биле пронајдени и одземени. Д.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 16:50 часот во СВР Скопје, Д.Б. од с.Побожје, општина Чучер Сандево, пријавил дека служнал звук на кровот од куќата, по што на терасата пронашол залутано зрно од огнено оружје, соопштија од МВР.Зрното било подигнато за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST. На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција. Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици. Преку обуки, размена…
Времето утре облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, соопшти УХМР. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР соопштија дека од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се…
Македонската берза ја внесе АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, откако Народната банка на Република Северна Македонија донесе решение за воведување администрација во банкарската институција. Одборот на директори на Берзата ја донесе одлуката согласно член 61-а од Правилата за котација со цел информирање на пазарот и инвеститорите. „Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението. Ставањето на оваа листа не значи автоматски…
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата официјално поднесе барање до Собранието за одржување надзорна расправа во врска со случувањата околу Алта банка. Како што се наведува во соопштението од партијата, целта на иницираната расправа е да се преиспита улогата на Народната банка и да се утврди институционалната одговорност за состојбата во која се најдоа граѓаните кои ги користат услугите на оваа банка.
Судењето за случајот „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински директор Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехад Нухи во Основниот кривичен суд Скопје, денеска почна од почеток поради измена на еден од судиите членови во судечкиот совет. Со процесот и понатаму раководи судијката Славица Наумова-Јосифовска. Ова е вторпат постапката да се враќа на самиот почеток, откако во ноември 2025 година судењето исто така рестартираше поради промена на поротник, кога странките се согласија претходно изведените докази и искази само да се прочитаат. Застапничката на обвинението, Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, на почетокот од денешното рочиште посочи дека останува во…
Влезот на Алта банка во земјава е криминален процес и мора да има одговорност, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во македонското Собрание.Филипче порача дека премиерот Мицкоски и гувернерот Славески мора да одговорат како било дозволено преземањето на Стопанска банка Битола од Алта банка, дали биле проверени парите и дали се испочитувани сите процедури. „Гувернерот треба да одговори на многу прашања, исто така и премиерот Христијан Мицкоски. Како дозволиле влез во земјата на Алта банка? Дали се испочитувани сите процедури? Дали е направена контрола на средствата и нивното потекло којшто влегле при купување на Алта банка?…
