Времето утре облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, соопшти УХМР.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштија дека од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

