Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:56

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:42

    Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

    02.11.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка
    • Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија
    • Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања
    • Ќе нема вода – најавени исклучувања во повеќе скопски населби
    • По 15 години Македонија повторно под лупа на ОН: Ќе ја оценуваат борбата против тероризмот
    • Приведен Давор Мацура: Полицијата ги претресуваше просториите на АЛТА банка повеќе од 30 часа
    • 104 онлајн казина одат во блокада – Вкупно 462 на црната листа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    Филипче: Мицкоски и Славески да одговорат како дозволиле влез во земјата на Алта банка

    02.11.2026 во 12:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случајот со Алта банка е уште еден доказ за криминалното и арамиско владеење на Христијан Мицкоски, овој пат на директна штета на граѓаните и нивната животна заштеда, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието.

    „И еве, проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална. Ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови“, истакна Филипче.

    Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредувал за Алта банка и за информациите во српските медиуми за потеклото на капиталот и поврзаноста на луѓето зад банката со Александар Вучиќ.

    „Укажувавме на тоа дека тоа е банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални, коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече претседателот Филипче.

    Филипче упати директни обвинувања кон премиерот Мицкоски и гувернерот Трајко Славески и побара одговори за постапката со која бил дозволен влезот на банката во земјава.

    „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески, очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу сто педесет и сто осумдесет милиони евра од граѓаните“, изјави Филипче.

    Појаснувајќи ја сумата, тој наведе дека, според анализите на СДСМ, сто педесет до сто осумдесет милиони евра е вредноста на целокупниот капитал со којшто располага Алта банка.

    „Гувернерот треба да одговори на многу прашања, исто така и премиерот Христијан Мицкоски. Како дозволиле влез во земјата на Алта банка? Дали се испочитувани сите процедури? Дали е направена контрола на средствата и нивното потекло коишто влегле при купување на Алта банка?“, праша Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека последиците веќе ги чувствуваат граѓаните кои, според неговите изјави, не можат да располагаат со сопствените средства. Посебно ја истакна состојбата со единаесет илјади пензионери кои примаат пензија преку Алта банка.

    „Денеска експозитурите не работат, а на граѓаните не им работат ниту картичките на банкоматите. Како граѓаните ќе си ги повлечат парите?“, праша тој и додаде:

    „Зошто гувернерот кажува дека и покрај тоа што не можат да си ги повлечат парите, имаат обврска да ги враќаат кредитите? Замислете, каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити?“

    Филипче побара одговори и за трансакциите во банката, за проверката на потеклото на капиталот и за евентуалниот престој на Давор Мацура во земјава изминатите денови.

    „Денес, кога им се блокирани средствата на луѓето, а им се дозволени трансакции на фирмите коишто имаат таму средства, дали се префрлаат пари и какви пари се префрлаат од еден правен на друг правен субјект? Ако на овие прашања тие не одговараат, ние бараме Обвинителството час поскоро да се вклучи во оваа работа и сите овие прашања да ги истражи“, порача Филипче.

    Тој оцени дека власта е заинтересирана исклучиво за сопствените интереси.

    „Едноставно, заинтересирани се само за своите лични интереси и интересите на малата криминална група на власт околу премиерот Христијан Мицкоски“, нагласи претседателот на СДСМ.

    Филипче најави иницијатива за надзорна расправа во Собранието и интерпелација за гувернерот Трајко Славески.

    „Да видиме како се дојде до оваа ситуација. Ќе поднесеме интерпелација за гувернерот Трајко Славески, којшто ги остави семејствата, пензионерите, младите без своите средства и ќе побараме надзотна расправа“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:42

    СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори

    02.11.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.