Премиерот Христијан Мицкоски се обидува да обезбеди алиби за распишување предвремени парламентарни избори, обвинува опозициската СДСМ. Според партијата, наводниот судир со ВЛЕН поради изборниот пораз во Брвеница е само димна завеса за да се одвлече вниманието од случувањата со Алта банка. Од СДСМ тврдат дека банката била користена за перење пари и повторно изнесуваат обвинувања за наводни криминални врски меѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Александар Вучиќ во Србија. Опозицијата обвинува и дека во државниот буџет недостигаат пари, а случувањата со Алта банка би можеле да ја загрозат стабилноста на финансискиот систем. Според СДСМ, Мицкоски гледа излез во предвремени избори, придружени со националистички теми и меѓуетнички поделби, со цел да го избегне соочувањето со обвинувањата за криминал и корупција.
- СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори
- Поскапуваат нарачките од Тему, ЕУ воведе нова такса од 2 евра – еве дали важи и за Македонија
- Нафтата значително поевтини – но дизелот веројатно ќе биде поскап од утре
- Остана уште еден неработен ден годинава – Во 2027 многу споени викенди
- Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура
- „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски
- Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне
- ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница

