Close Menu
Press24
    Најново

    „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски

    02.11.2026 во 10:23

    Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне

    02.11.2026 во 10:20

    ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница

    02.11.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски
    • Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне
    • ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница
    • Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови
    • Мицкоски: „Сами против сите во Брвеница, ние со програма, тие со националната карта”
    • Зеленски изрази подготвеност за средба со Путин во Турција под покровителство на Ердоган
    • (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“
    • Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски

    „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски

    02.11.2026 во 10:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски се обидува да создаде алиби за распишување предвремени парламентарни избори, а наводните несогласувања со коалицискиот партнер ВЛЕН по изборниот резултат во Брвеница ги оценува како обид за дефокусирање на јавноста од, како што велат, посериозните проблеми со Алта банка.

    Од СДСМ тврдат дека зад политичките случувања стои обид за избегнување одговорност за прашања поврзани со криминалот, корупцијата и случајот со Алта банка. Партијата оценува дека финансиската состојба и состојбите во институциите отвораат сериозни прашања за работењето на Владата.

    Во соопштението СДСМ упатува обвинувања и за наводна поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со Српската напредна странка и криминални структури, тврдења за кои не приложува докази во реакцијата.

    Од опозициската партија сметаат дека Мицкоски во наредниот период ќе се обиде политичката агенда да ја насочи кон националистички и популистички теми, со цел да се пренасочи вниманието од економските и финансиските прашања.

    СДСМ во реакцијата ги споменува и Левица и ЗНАМ, оценувајќи дека овие политички субјекти би можеле да имаат улога во идните политички комбинации.

    Од партијата порачуваат дека граѓаните ги гледаат состојбите во државата и дека изборните резултати во Брвеница не можат да ги прикријат прашањата за јавните финансии и случајот со Алта банка.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне

    02.11.2026 во 10:20

    ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница

    02.11.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.