Училиштата во повеќе градови во јужниот дел на Италија денеска се затворени, откако регионите Пуља и Базиликата беа ставени под портокалово предупредување поради неповолни временски услови.
Одделот за цивилна заштита издаде ново предупредување за невреме во консултација со погодените региони, кои се надлежни за активирање на локалните системи за заштита и спасување, пренесува АДН Кронос.
Покрај портокаловиот аларм во Пуља и Базиликата, жолто ниво на тревога е прогласено во Калабрија, Кампанија, Молизе, Абруцо и Сицилија.
Поради најавите за обилни врнежи од дожд, општините во Пуља воведоа посебни ограничувања. Настава нема да се одржува во Сан Северо (покраина Фоџа), како и во Лече и Бриндизи.
Во Барлета е најавен надзор над патиштата и подвозниците кои се изложени на riзик од поплавување, со можност за нивно целосно затворање за сообраќај и пешаци во случај на опасност.
Општина Лече дополнително нареди привремено затворање на општинските гробишта, градскиот парк и пазарите додека трае предупредувањето.
Локалните власти им препорачаа на жителите да ги ограничат непотребните патувања, да избегнуваат подвозници и паркови и да покажуваат зголемена внимателност за време на бурата.

