Close Menu
Press24
    Најново

    Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“

    02.11.2026 во 09:28

    ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница

    02.11.2026 во 09:28

    „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово

    02.11.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница
    • „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово
    • Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј
    • Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата
    • Сиљановска ѝ ја честиташе на Јотова: Очекувам конструктивна улога на Бугарија во регионот
    • Дневен хороскоп: Бикот да покаже подготвеност за компромис, Девицата да не го анализира секој збор
    • Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница

    ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница

    02.11.2026 во 09:28Updated:02.11.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ оценува дека на предвремените локални избори во Брвеница настапило со развојна програма и проекти, но дека изборната кампања била обележана со етнички поделби наместо со натпревар на идеи и решенија за граѓаните.

    Од партијата велат дека концептот „Една Брвеница за сите“ бил насочен кон единство, соживот, меѓусебна почит и инфраструктурен развој, додека нивните политички противници, според нив, ја насочиле кампањата кон етничко гласање.

    ВМРО-ДПМНЕ наведува дека на вториот изборен круг освоило околу 4.200 гласа, наспроти 3.000 во првиот круг, што претставува раст од 1.300 гласови во споредба со парламентарните избори. Сепак, тоа не било доволно нивниот кандидат Јованчо Радичевски да ја освои градоначалничката функција.

    Од партијата тврдат дека СДСМ и Левица, кои во првиот круг завршиле на четвртото и петтото место, во вториот круг се ставиле во функција на ДУИ со цел да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ.

    Критики упатуваат и кон коалицискиот партнер ВРЕДИ, за кого сметаат дека пропуштил можност да се дистанцира од политиките на етнички национализам и да понуди поинаков пристап во Брвеница.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека изборната кампања е завршена, но дека граѓаните, без разлика на етничката припадност, очекуваат реализација на проекти и подобри услови за живот.

    Партијата најавува дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции и инфраструктурни проекти во општина Брвеница, со цел нејзин развој и подобрување на животниот стандард на жителите.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово

    02.11.2026 во 09:24

    Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата

    02.11.2026 во 09:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.