Close Menu
Press24
    Најново

    Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права

    02.11.2026 во 09:00

    Весна Јаневска: Студентите се на потег, ние им дадовме време за координација

    02.11.2026 во 08:53

    Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?

    02.11.2026 во 08:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права
    • Весна Јаневска: Студентите се на потег, ние им дадовме време за координација
    • Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?
    • Од полноќ нови цени на горивата во Македонија
    • Скопјанка со години трпела голгота – Сопругот ја истепал и избркал од дома
    • Ноќен инцидент во Скопје: Ѝ го полиле автомобилот со запалива течност и го запалиле
    • Скопјанка се јавила во полиција: „Другарката ме нападна во такси”
    • Хорор за малолетничка од Македонија: Мајка и прекршила судска одлука и ја претепала
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права

    Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права

    02.11.2026 во 09:002 Mins Read
    Принтскрин, Јутјуб
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија, со што стана првата жена избрана за претседател на соседната земја. Според речиси конечните резултати од вториот изборен круг, Јотова освои 57,58 проценти од гласовите, додека нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров доби 39,47 проценти.

    Изборите се одржаа на 1 ноември, а со победата Јотова обезбеди сопствен претседателски мандат. Таа досега ја извршуваше функцијата претседателка откако во јануари годинава Румен Радев поднесе оставка и се повлече од претседателската функција.

    Јотова во изминатите месеци беше актуелна и во македонската јавност поради нејзиниот ангажман околу случајот со Ива Михаилова од Кочани, за чие лекување во Бугарија повеќепати јавно се заложи.

    Во август таа информираше дека испратила писмо до македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, барајќи да се разгледаат можностите за обезбедување соодветен третман за Михаилова. Како една од опциите го посочи и ангажирањето бугарски медицински тим кој би можел да ја прегледа Ива во Македонија.

    Јотова тогаш соопшти дека сè уште нема добиено одговор на писмото, а најави дека случајот ќе го отвори и пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

    На 16 септември, за време на средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во Стразбур, Јотова го отворила случајот со Михаилова и побарала внимание за нејзините човекови права и можностите за лекување. Таа тогаш оценила дека случајот претставува преседан за погазување на човековите права и предупредила дека еден индивидуален човечки проблем се претвора во политичка тема. Истовремено нагласила дека Бугарија не може и не сака да се меша во правосудството на Северна Македонија, но дека е неопходно на Ива да ѝ се овозможи пристап до потребната медицинска грижа.

    По пристигнувањето на Ива во Бугарија во октомври, Јотова повторно се осврна на случајот. Таа посочи дека постојат повеќе неразјаснети околности и дека најнапред треба да се почека мислењето на лекарите од болницата „Пирогов“. Изрази и подготвеност лично да се сретне со Михаилова, доколку нејзината здравствена состојба го дозволува тоа.

    Со изборната победа, Јотова сега добива сопствен претседателски мандат, а нејзиниот претходен ангажман за случајот со Ива Михаилова останува еден од настаните што го одбележаа нејзиното досегашно претседателствување и односите со Северна Македонија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?

    02.11.2026 во 08:44

    Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

    02.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.