Осумнаесетгодишна девојка од скопско пријавила во полиција дека била физички нападната од своја другарка додека се возеле во такси.
Според пријавата, инцидентот се случил на 1 ноември, околу 4:44 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 5:40 часот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

