Бензините би можеле да останат со непроменети цени, додека кај дизелот постои можност за благо поскапување, доколку Владата ги продолжи мерките за намалени даноци и акцизи. Пресметките врз основа на движењето на цените на нафтените деривати на медитеранскиот пазар покажуваат благо поевтинување на бензините, но и раст на цената на дизелот. Во меѓувреме, денеска значително поевтини суровата нафта Брент, чија цена падна од околу 113 на приближно 109 долари за барел, што би можело да придонесе за намалување на цените во наредниот период. Дополнителен фактор при пресметките е и курсот на американскиот долар во однос на денарот. Според досегашните движења, дизелот би можел да поскапи за околу половина до еден денар за литар, а бензините да ги задржат сегашните цени. Конечната одлука денеска треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.
- Нафтата значително поевтини – но дизелот веројатно ќе биде поскап од утре
- Остана уште еден неработен ден годинава – Во 2027 многу споени викенди
- Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура
- „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски
- Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне
- ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница
- Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови
- Мицкоски: „Сами против сите во Брвеница, ние со програма, тие со националната карта”

