- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
Вчера во 04:06 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека за време на прослава во куќа во Вевчани бил нарушен јавниот ред и мир со викање помеѓу неколку малолетни лица, при што еден од нив со стаклен предмет удрил негов соученик. По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Кинеското Министерство за државна безбедност упати официјално предупредување дека странски разузнавачки служби користат морски животни опремени со сензори за собирање чувствителни информации во кинеските територијални води. Во својата објава на социјалните мрежи, Министерството предупреди за употреба на „нови видови шпионска опрема“ за прибирање морски податоци кои би можеле да имаат директно воено значење. Според кинеските власти, во нивните води веќе биле забележани поголеми морски животни, меѓу кои желки и риби, опремени со специјални сензори за набљудување. „Тие животни се движат во одредени области со цел да собираат чувствителни податоци за морската средина, како што се температурата на водата, соленоста и…
Легендарниот бразилски фудбалер и централен дефанзивец Херкулес Брито Руас почина во четвртокот на 86-годишна возраст. Тажната вест официјално ја потврди Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), од каде што не соопштија дополнителни детали околу причините за смртта. Брито беше еден од клучните столбови во одбраната на историската генерација на „Селесао“ која во 1970 година во Мексико се искачи на врвот на светот. Во периодот меѓу 1964 и 1972 година, тој одигра вкупно 61 натпревар за националниот тим, настапувајќи и на Мундијалот во 1966 година. На шампионатот во Мексико, тој формираше стабилен одбранбен тандем со Вилсон Пјаца, играјќи зад легендарните Пеле, Јержиња и…
Две лица се повредени во силна експлозија што утрово, нешто пред 8 часот, се случила во ресторан за брза храна во загребската населба Подсусед. Од Полициската управа во Загреб потврдија дека според првичните сознанија, најверојатна причина за инцидентот е истекување на гас. Експлозијата се случила на улицата Стара Самоборска Цеста, а полициските екипи во моментов вршат увид за да ги утврдат сите околности, додека тежината на повредите кај настраданите сè уште не е позната. Очевидци за хрватските медиуми раскажуваат дека силината на ударот целосно го уништила објектот, а делови од покривот и ѕидовите завршиле на блиската железничка станица и врз…
Полицијата во белградската населба Сурчин синоќа уапси триесет и седумгодишен државјанин на Народна Република Кина, кај кого била пронајдена наркотична дрога кетамин. Интервенцијата започнала околу полноќ, откако во дежурната служба било пријавено нарушување на јавниот ред и мир поради силна вика и бучава во станбена зграда на улицата Маслинова гранчица. Откако полициската патрола пристигнала пред станот и затропала на вратата, осомничениот кинески државјанин со иницијали Ј. Х. ја отворил вратата. Гледајќи ги униформираните службеници, тој видливо се вознемирил и се обидел да се ослободи од дрогата, извадувајќи две ПВЦ кесички со бела прашкаста материја од џебот, кои ги фрлил на…
Четири лица, од кои три деца и едно возрасно лице, го загубија животот откако автомобил налета и удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија. Страотната сообраќајна несреќа се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога возило излетало од патот и удрило во група од 14 ученици и двајца возрасни кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале на самото место, додека четири со тешки повреди биле пренесени во болница, каде подоцна едно од нив им подлегнало на повредите. Полицијата веднаш привела 19-годишен маж, но се уште се истражува неговата точна поврзаност со несреќата и дали…
Азиските берзи забележаа нагол раст на почетокот на денешното тргување, како реакција на новите сигнали за можен мировен договор на Блискиот Исток. Истовремено, позитивните најави придонесоа цените на нафтата на светските пазари да паднат на најниско ниво во изминатите два месеци. Според податоците што ги објави Ројтерс, цената на американската сурова нафта падна за 1,2 проценти и изнесува 86,69 долари за барел, по вчерашниот пад од 2,6 проценти. Пад од 1,1 процент е регистриран и кај суровата нафта „брент“, чија цена сега изнесува 89,40 долари за барел, откако во претходната сесија изгуби речиси три проценти од вредноста. Најширокиот индекс на…
Туристите кои престојуваат во познатото летувалиште Пефкохори на Халкидики добија предупредување да не се капат во дел од морето кај плажата Акротири. Локалните власти воведоа привремена забрана за користење на овој дел од брегот поради истекување на отпадни води, предизвикано од пукнат канализациски цевковод. Одлуката ја донесе Општина Касандра како превентивна мерка за заштита на јавното здравје. Забраната опфаќа крајбрежен појас во должина од 200 метри од двете страни на местото каде што се случило излевањето. Според информациите од грчките медиуми, општинските служби веднаш интервенирале на теренот, го санирале дефектот и го запреле понатамошното истекување во областа „Акротири“, по што…
