Државјанин на Романија бил приведен на граничниот премин Делчево откако во неговиот багаж биле пронајдени марихуана и ЛСД.
Случајот се случил на 29 октомври околу 23:30 часот, кога 38-годишниот Романец бил запрен при влез во државата. При извршениот преглед, полициските службеници пронашле и одзеле две тегли со марихуана и ЛСД.


Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето на настанот ќе следува соодветна пријава.

