35-годишен маж од скопско бил приведен откако неговата 19-годишна сопруга пријавила дека ја нападнал и направил материјална штета во домот.
Полицијата го лишила од слобода Д.Д. на 28 октомври околу 21 часот, постапувајќи по пријавата на младата жена, која навела дека сопругот употребил и тврд предмет за да оштети дел од покуќнината.
Од СВР Скопје информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

