Вработена во средно училиште во скопски Карпош била физички нападната од малолетник додека ги извршувала работните обврски.
Случајот бил пријавен на 28 октомври во СВР Скопје од 50-годишната жена, која работи во училиштето.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.

