За само три дена, четворица пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување отстраниле вкупно 1.811 бомби и тромблонски мини од локалитетот Тумбе Кафе во Битола.
Според информацијата што ја објави Стојанче Ангелов, експлозивните направи биле пронајдени на околу 200 метри воздушна линија од најблиските куќи.
Иако се стари и кородирани, пронајдените експлозивни средства и натаму претставувале сериозна опасност.
„Рѓосани, но убиствени како да се нови“, предупредува Ангелов, посочувајќи на опасноста што ја носи неексплодираното оружје од минатото.

