Author: Author 04

Ноќеска во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(45) и 17-годишник, двајцата од село Романовце, кумановско, затоа што во село Романовце физички го нападнале А.А.(25), при што бил употребен нож и А.М. и АА се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

„Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“, соопштија од полицијата. По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово, објави 4news.mk Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Повеќе

Новиот клинички центар во Скопје најевтино и најдобро ќе биде да се изгради во непосредна близина на Градската општа болница „8 Септември“. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Азир Алиу на брифингот со медиумите по повод една година од преземањето на функцијата, нагласувајќи дека реформите во секторот се веќе во тек, но бараат време. Министерот појасни дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи изградбата на нов објект ќе одземе неколку години. „Не е трошење пари за џабе“, подвлече тој. Како дел од внатрешните реформи за поголема контрола и реорганизација, Алиу информираше дека во дел од…

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Повеќе

Поради реализација на планирани технички интервенции во електропреносната мрежа, утре (петок, 12 јуни) неколку скопски општини и околни населени места ќе останат привремено без снабдување со електрична енергија, информираат од надлежните служби. Први на списокот се жителите од Драчево и Сарај, каде прекините започнуваат од раните утрински часови. Во Драчево, во период од 08:00 до 12:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улицата „Партизански пат“. Во општина Сарај, од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат село Рашче, село Копаница, село Бојане, Хлорна станица Рашче, како и дел од село Кондово. Краткотрајни и неколкучасовни прекини се најавени и…

Повеќе

Парламентарни избори во земјава ќе има „многу скоро“, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, без притоа да прецизира конкретен датум или термин за нивно одржување. Тој порача дека иако владината коалиција преферира редовен термин, тие се целосно подготвени да излезат на терен во секој момент доколку тоа го побара опозицијата. Премиерот одговараше на новинарски прашања при денешното пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода. Прашан за тоа дали се планираат предвремени избори во 2027 година или пак ќе се чека редовниот термин во 2028 година, тој ја образложи партиската и владината позиција. „Политички умно е кога…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. EU4Health претставува програма со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра за периодот 2021–2027 година, а со пристапувањето, нашата држава добива можност да учествува во повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и европски партнерства. Тој појасни дека пандемијата покажа дека ниту една држава не може сама да се справува со сите здравствени ризици, и токму затоа EU4Health е важен чекор кон здравствена…

Повеќе

Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го зголемивме надоместокот од 7.000 на 10.000 денари со цел да им помогнеме на семејствата во најчувствителниот период, кога добиваат нов член и се соочуваат со зголемени трошоци. Секое дете е наша радост, иднина и најголемо богатство “, порача градоначалникот на Општина Центар,…

Повеќе

Нов пристап кон аграрот кој предвидува поголема поддршка за македонското село и модернизација на производството, најави денеска Симона Цветановска од СДСМ. Таа презентираше низа мерки насочени кон зголемување на вредноста на домашните производи и привлекување на младите во овој сектор. Од партијата соопштија дека планираат директни финансиски инјекции за преработувачки капацитети и воведување на национален бренд. „Обезбедуваме неповратни грантови за сушари, преработувачки капацитети и модернизација на производството – за производите да добијат поголема вредност уште во местото каде што се произведуваат. Наместо да извезуваме анонимни производи, ќе создаваме препознатлив македонски бренд што носи поголема заработка за производителите. Државата го плаќа…

Повеќе

,,Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Мицкоски најави дека најдоцна до следната недела ќе има ново кадровско освежување и во останатите структури на партијата. ,,Покрај новиот состав на ИК, новите претседатели на општинските комитети,…

Повеќе