Author: Author 04

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, туку станува збор за истите услови од 2022 година кои претходната власт ги прифатила. Тој потенцираше дека е оптимист по неговите средби со европските лидери, нагласувајќи дека тие разговори се сосема различни од она што беше тема на средбата меѓу претседателката Сиљановска Давкова и бугарската потпретседателка Јотова во Софија. Мицкоски објасни дека уставните измени се само почеток на процесот со кој се отвораат дополнителни и суштински барања поврзани со македонскиот идентитет. „Македонските граѓани мора да знаат дека барањата не се само промена на Уставот и…

Повеќе

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска поднесе ургенција до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со барање да се овозможи одржување на надзорна расправа за нефункционирањето на Законот за употреба на македонскиот јазик. На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска обвини дека власта воопшто не покажува грижа за спроведување на законската рамка. Костадиновска-Стојчевска истакна дека нивната пратеничка група уште на 23 март годинава поднела вакво барање, алармирајќи дека законот донесен во јануари 2024 година воопшто не се применува во пракса. „НИКОЈ НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК! Ова е реченица која на денешно време и при донесена законска рамка, е навистина жално…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче во однос на прашањето за уставните измени. Според него, опозицијата работи директно против волјата на сопствениот народ и одработува за туѓи интереси. Лефков истакна дека огромно мнозинство од македонското општество не го прифаќа менувањето на Уставот под тековните услови, посочувајќи дека СДСМ го става приватниот пред државниот интерес. „Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува. Филипче и СДС се ставија директно на тацна на…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, предупредувајќи на бранот нестабилно време што ќе ја зафати земјава. Според синоптичарите, во овој период се очекуваат повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат проследени со невреме. Временските услови локално ќе бидат изразено нестабилни. Од УХМР најавуваат појава на пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. На одредени места процесите ќе бидат со посилен интензитет. Граѓаните се повикуваат на претпазливост бидејќи се очекува „пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и невреме со појава на град“.

Повеќе

Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато лице. Во тешката несреќа животот го загуби оперскиот пејач Ристе Велков (51) кој загина заедно со својот син Адам Велков (20), како и неговите другари Марко Ѓорѓиевски (20) и Петар Миланов (20).…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на реформите, модернизацијата на институциите и подготовката на државата за полноправно членство во Европската Унија. „Европската интеграција е наша стратешка определба и визија за иднината. Реформите што ги спроведуваме не се само дел од пристапниот процес, туку инвестиција во посилни институции,…

Повеќе

Една од најубавите плажи во Грција, популарната Наваџо на островот Закинтос, ќе биде целосно затворена за посетители во текот на целото лето од безбедносни причини, објавува британскиот медиум „The Sun“. Плажата која редовно се рангира меѓу најубавите на светско ниво, ќе остане недостапна за туристите сè до 31 октомври поради висок ризик од лизгање на земјиштето. Познатиот залив, препознатлив по атрактивниот бродолом, ќе биде целосно затворен на брегот, а туристите ќе можат да го видат единствено од точката за набљудување која се наоѓа на карпите високо над плажата. Локалните власти спроведоа нова проценка на ризикот во оваа област по инцидентот…

Повеќе

Турската полиција приведе вкупно 22 лица во Истанбул како дел од обемна истрага поврзана со шверц на дрога и проституција. Според првичните медиумски извештаи, меѓу уапсените се наоѓаат и најпознатите турски актерски и музички ѕвезди. Турската јавност е целосно потресена од оваа нова полициска операција. Локалните медиуми брзо ги објавија имињата на приведените кои доаѓаат директно од светот на музиката, телевизијата и социјалните мрежи. Според извештаите, меѓу приведените се пејачот Кенан Догулу, познатата актерка Берен Сат, музичарот Озан Догулу, актерот Енис Арикан, пејачот Бердан Мардини, како и инфлуенсерот Керимџан Дурмаз, пишува Курир. Агенцијата АП пренесува дека целата истрага се води…

Повеќе

Права драма се случувала утрово во бањалучката населба Лауш, каде само поради среќни околности нема жртви по две последователни силни детонации на фрлени експлозивни направи во отпад. Експлозијата се активирала откако комуналните работници го подигнале контејнерот, без ништо претходно да укажува дека внатре има опасни материјали. Еден од вработените кои биле на смена, во изјава за АТВ детално го опиша критичниот момент на детонацијата. „Го испразнивме контејнерот, а само неколку моменти подоцна се случи силна експлозија, а потоа уште една. Имаше две детонации. Беше навистина страшно. За среќа, никој од нашите колеги не е повреден бидејќи експлозијата се случила во…

Повеќе

Словенија синоќа беше погодена од силен бран на невреме со урагански ветер и силен град, што предизвика колапс во електроенергетската мрежа и поплави во повеќе региони низ земјата. Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија соопшти дека се извршени повеќе од 400 спасувачки интервенции, со учество на дури 161 пожарникарска единица на критичните точки. Најкритично било во главниот град Љубљана со 152 пријавени случаи на штети, во Крањ каде се регистрирани 102 интервенции, како и во Целје со 39 спасувачки акции. Најзасегнати подрачја се општините Коменда и Церкље во Горенскиот регион. Снимки од значајни штети…

Повеќе