- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Денешниот хороскоп носи потреба од зголемено трпение во професионалната сфера, како и балансирање на емоциите во приватните односи кај поголем дел од знаците.
Автоматско усогласување на платите со трошоците за живот, државна поддршка за фирмите кои ги вреднуваат работниците и сериозен раст на пензиите во еден мандат, предлага опозицискиот СДСМ како одговор на тешката социјална состојба во државата. Потпретседателката на партијата Јована Тренчевска денеска ја претстави програмата „Твоја држава – твоја шанса“, нагласувајќи дека фокусот мора да се стави врз социјалната правда и работничките права. Таа појасни дека државата треба да воведе олеснувања во даночната политика за менаџерите кои одлучуваат да го зголемат доходот на вработените, со цел да се стимулира реалниот сектор. Како дополнителни социјални столбови, од СДСМ најавија признавање на студентскиот…
Авион на компанијата „Рајанер“ на летот од Лондон до Осиек поминал околу 20 минути кружејќи на небото над Славонија, откако се појавил проблем со неговиот прием на аеродромот, пренесуваат хрватските медиуми. Како причина за овој несреќен инцидент се посочува доцнењето на вработен во Хрватската контрола на летање (HKZP), кој не стигнал навреме да ја започне својата смена. Проблемот предизвикал сериозен застој во воздушниот простор, при што екипажот морал да ги примени вонредните процедури пред да добие дозвола да се приземји. „За време на приемот на летот, имало кратко доцнење, но откако бил забележан проблемот, биле следени пропишаните процедури“, а авионот…
„Доблесно ќе беше да излезете, по оние лаги и паники кои што ги ширевте во јавноста за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега гледате дека Брисел го призна нашето добро работење во делот на сузбивање на корупцијата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на опозицијата. Во своето обраќање им посочи дека нивниот принцип на работа е ширење на паника и лага. „Во делот на финансиските средства и субвенциите, погледнете ги извештаите од Министерството за финансии, ќе видете дека од преземањето на власта до денеска се исплатени над 13 милијарди денари. Прашувате кога ќе бидат…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил.
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(23), Б.Ј.(21) и Х.Г.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
Нов бран на силна метеоролошка нестабилност попладнево зафати повеќе региони низ државата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за развој на опасни атмосферски процеси во неколку подрачја. Според официјалните податоци, најкритична е состојбата на југот и во централниот дел на земјава. Од УХМР алармираат дека е регистрирана „поинтензивна нестабилност во Мариовскиот регион и источно од Прилеп“. Најновите сателитски и радарски мерења на метеоролозите покажуваат дека процесите се пропратени со силен ветер и електрични празнења. На граѓаните и возачите кои се движат низ овие региони им се препорачува крајна претпазливост поради можноста од локални поројни поплави и силен ветер.
Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка. На 08.06.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријави дека на 08.06.2026 на подрачјето на општина Аеродром неговата поранешна сопруга Е.А. физички ги нападнала нивните две малолетни лица и него, при што употребила и тврд предмет. На 09.06.2026 во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски…
Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило…
