Во периодот од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје спроведоа засилена заедничка инспекциска акција на целата територија на општината, со цел воспоставување комунален ред и подобрување на хигиената на јавните површини.

Тетеренот беше поделен на пет реони кои се контролираа во две смени од страна на 45 инспектори и комунални редари, при што беа ангажирани и униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Акцијата заврши со целосна контрола на територијата на Бардовци и Злокуќани, каде што покрај чистењето на дивите депонии беа изречени и повеќе прекршочни платни налози.
Во рамки на еднонеделниот надзор, инспекциските служби утврдија голем број неправилности:
- Комунални инспектори: Извршиле 192 надзори, донеле 19 решенија за отстранување недостатоци, изрекле 34 опомени, 42 глоби за физички и 27 глоби за правни лица.
- Комунални редари: Спровеле 231 надзор и изрекле дури 134 глоби.
- Инспекција за животна средина: Реализирала 90 надзори, 15 покани за странки, 17 решенија, 32 опомени за селектирање отпад и една глоба.
- Сообраќајна инспекција: Направени се 80 надзори, издадени се пет решенија и одземени се пет сообраќајни дозволи.
- Останати служби: Градежната инспекција извршила 29 надзори и 15 усни опомени, инспекцијата за туризам изрекла седум глоби од 15 надзори, додека инспекцијата за спорт изрекла четири глоби по направени 21 надзор.

Општина Карпош и Град Скопје најавија дека засилените контроли продолжуваат и во следниот период, со посебен акцент врз урбаната заедница Злокуќани, притоа апелирајќи до сите граѓани и правни субјекти соодветно да го одлагаат отпадот и да ги почитуваат законските обврски.

