Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм

    Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм

    27.10.2026 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просечната откупна цена на тутунот од годинешната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во обраќањето на денешниот Форум за ориентален тутун на Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) во Прилеп.

    „Министерството ја координира подготовката на откупот за да се обезбедат прецизни договорни услови, транспарентна проценка и навремено исполнување на обврските од страна на откупувачите. Ве уверувам дека надлежните служби доследно ќе ги применуваат законските овластувања и ефикасно ќе постапуваат во заштита на правата на производителите“, истакна министерот Серафимовски.

    Тој најави дека, како дополнување на приходот од продажбата, тутунарите можат да очекуваат субвенции од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа, издвојувајќи ги економската одржливост на стопанствата и вреднувањето на квалитетот како приоритети во спроведувањето на Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021–2027 година.

    „Високите температури и сушата влијаат врз приносот и својствата на листот на тутунот, особено кога овие климатски фактори дејствуваат истовремено. Затоа приспособувањето кон овие промени ќе го вградуваме во планирањето на производството, со препораки кои ќе се засноваат на научни сознанија и локални мерења“, рече министерот Серафимовски, притоа нагласувајќи ја соработката со Научниот институт за тутун во Прилеп и со Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во креирањето на развојни политики како одговор на предизвиците кои произлегуваат од климатските промени.

    Осврнувајќи се на економското значење на секторот, тој посочи дека тутунопроизводството ангажира приближно 18.000 земјоделски стопанства, а извозот на тутун и преработки од тутун создава годишен девизен прилив од околу 140 до 150 милиони евра, посочувајќи дека развојните политики се спроведуваат со целосна почит кон политиките за јавно здравје и меѓународните обврски на државата.

    „Мерките за поддршка ќе ги усогласуваме со движењата на пазарот, а на тутунарите навреме ќе им обезбедуваме информации за побарувачката и условите за откуп, за полесно да ги планираат површините што ќе ги засадат, а со тоа и потребните вложувања“, порача министерот Серафимовски.

    Форумот за ориентален тутун во Прилеп го организираа ITGA и Сојузот „Мака на тутуноберачите“, а на него учествуваа тутунопроизводители и претставници на Меѓународната унија на производители на тутун (UNITAB), научната заедница и откупувачи на тутун.

    Прочитај повеќе

    Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки

    27.10.2026 во 11:08

    Цената на нафтата паѓа

    27.10.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.