- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре
Author: Author 04
Вчера во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
Македонија се соочува со непринципиелен застој во евроинтеграциите, што носи негативни последици за двете држави, порача денеска од Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ), а попладнево е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Шефот на дипломатијата потенцираше дека од моменталната ситуација економски и политички губат и Македонија и Бугарија, поради што е потребно да се надмине високиот степен на недоверба. Како клуч за излез од оваа ситуација, министерот го посочи отворањето на преговарачкиот процес за земјава, но подвлече дека постојат…
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (10 јуни) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, се наведува во соопштението. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието на седницата за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците. „Пред нас овде не е интерпелација само заради него, туку интерпелација во којашто се отсликуваат катастрофалните состојби во овие две години коишто ги направија Цветан Трипуновски и неговиот ментор Христијан Мицкоски. Цветан Трипуновски, заедно со неговата криминална свита во неговото министерство, направија пустош во земјоделието и затоа ние пред македонските граѓани имавме обврска да…
Нов бран на сериозна метеоролошка нестабилност попладнево е регистриран во североисточниот дел на Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со итно предупредување за силно невреме во поширокиот кривопаланечки регион. Според официјалните податоци од метеоролозите, во моментов во овој крај има опасни атмосферски процеси. Од УХМР соопштија дека е забележан „интензивен пороен дожд, појава на грмежи, засилен ветер и појава на град во Крива Паланка и околината“.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде вонредно предупредување за силна метеоролошка нестабилност која зафати делови од земјава. Според официјалните информации од УХМР, „помеѓу Тетово и Скопје има јака нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град“. Паралелно со ова невреме, промена на времето е регистрирана и во источниот дел на Македонија. Од Управата информираат дека „умерени врнежи има во Крива Паланка и околината“.
СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. (20), двајцата од населба Илинден. Во несреќата, со тешки…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 14 часот (12:00 UTC) низ земјава, како и количината на врнежи за изминатите шест часа. Според мерењата, Велес е најтоплиот град во Македонија со измерени 33.4 степени. Веднаш зад него се Кавадарци со 32.8, како и Демир Капија, Гевгелија и Скопје (Петровец) со измерени 32.5 степени. Во Штип се измерени 31 степен, во Струмица 31.3, додека во Охрид температурата достигнала 23.9 степени. Најниска температура во 14 часот е измерена на Попова Шапка, каде термометарот покажал 16.2 степени. На оваа мерна станица е регистрирана и најголема количина на…
Усвојувањето на уставните измени е првиот неопходен чекор за започнување на преговорите со Европската Унија, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за време на посетата на Штип. Одговарајќи на прашањето дали француско-германскиот нон-пејпер овозможува почеток на преговорите без промена на Уставот, тој појасни дека документот всушност ги зајакнува веќе договорените чекори. „Се разбира, со усвојување на уставните амандмани, всушност самата преговарачка рамка која што беше договорена во 2022 година, тоа и го кажува. Потоа, како следен чекор, е меѓувладината конференција, по што следува и започнување на официјалните преговори, така што јас сум навистина убеден дека Република Северна Македонија ќе може многу брзо…
Возачите кои претстојниот викенд планираат да патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим. Причина за ова се градежните работи кои се изведуваат на обиколницата околу Солун. Според официјалните најави, сообраќајните измени започнуваат уште вечерва, 10 јуни, во периодот од 23 часот до 5 часот наутро, кога дел од обиколницата во правец кон Халкидики ќе биде целосно затворен за сообраќај. Клучниот прекин е предвиден за претстојниот викенд. Од петок, 12 јуни во 23 часот, па сè до недела, 14 јуни до 23 часот, истиот дел од патот ќе биде затворен во двата правци. Поради овие градежни активности…
