Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода четири возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, две лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: малолетник од Скопје и П.К.(40) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане. Под дејство на алкохол возел Н.Т.(19) од Кичево, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода.
Додека, М.А.(34) од с.Злетово, пробиштипско, управувал возило иако имал изречена активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
- Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
- Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
- Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
- Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
- Апсења во Скопје
- Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
- Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет

