Author: Author 04

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства. Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на општински, државни, регионални и меѓународни натпреварувања, во поединечна или екипна конкуренција. Истовремено, огласот ги опфаќа и учениците од семејства во социјален ризик, примателите на социјална помош, децата на самохрани родители, децата од најмалку четиричлено семејство со…

Повеќе

Учениците од прво до трето одделение од оваа година ќе добијат дигитални свидетелства, додека од следната година овој процес ќе се прошири и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерството веќе ги обезбеди потребните електронски печати и потписи, но со цел да се избегнат технички проблеми во помалите или руралните средини, годинава ќе се применува комбиниран модел. „За овие три одделенија воведовме систем што може да се нарече хибриден. Од следната година свидетелствата ќе бидат целосно дигитални. Дигитализацијата е од исклучително значење за државата и затоа се спроведува во МОН во…

Повеќе

Вистинска бура на социјалните мрежи по интервјуто на Александар Маленко. На неговите тврдења за тоа каде и како поранешниот премиер Никола Груевски ги поминал деновите пред експресното заминување од државата, со остар статус од Будимпешта возврати самиот Груевски.„Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што. Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно…

Повеќе

Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи. Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници наасоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) штотуку издаде вонредно известување за моменталната состојба со времето во државата. Иако главниот бран од силниот студен фронт се најавуваше за утре, најновите радарски снимки покажуваат дека атмосферата веќе е сериозно дестабилизирана во делови од Македонија. „Според најновата радарска слика, во западните и југозападните планински региони во моментов има појава на нестабилност проследена со пороен дожд и силни грмежи“, соопштуваат вонредно од УХМР.

Повеќе

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе…

Повеќе

Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h),…

Повеќе

Македонија самостојно ќе ја реализира изградбата на капиталните хидроенергетски капацитети „Чебрен“ и „Галиште“, инвестиција вредна 1,5 милијарди евра за која моментално се изработува финалната физибилити студија. Оваа стратешка одлука ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, ставајќи крај на триесетгодишниот лавиринт во кој пропаднаа дури 14 меѓународни тендери. Двата проекти лоцирани во клисурниот дел на Црна Река, узводно од постојната ХЕ „Тиквеш“, ќе имаат огромно значење за енергетската независност: Покрај хидропотенцијалот, премиерот најави дека Владата планира изградба на гасни когенеративни централи за струја и парно со директни приклучоци до секој дом. Паралелно, на терен веќе напредува изградбата на ветерниот парк кај Штип…

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на сторителката и расчистување на случајот, додека детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика кон Бугарија со цел да се добере до власт. Според Лефков, демагошката програма на СДСМ не го дава посакуваниот ефект на анкетите, поради што опозициското раководство се врти кон надворешни отстапки. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт. Иако над 80 проценти од македонските граѓани сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не се чекор кон ЕУ и дека оваа отстапка не треба да…

Повеќе