- Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
- Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
- Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
Author: Author 04
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека лидерите на Европската унија не успеале да ѝ нанесете стратешки пораз на Русија и оти такво нешто е малку веројатно да се случи до 2030 година. Говорејќи пред новинарите по завршувањето на самитот Русија-Африка, тој упати предупредување за последиците од евентуален директен конфликт со европските земји. Прво на сите, ние сме подготвени, но не сакаме никаква војна со Европа – рече Путин. Тој дополнително нагласи дека траекторијата на ескалација може да донесе тешки последици за сите страни. Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој да не го заборави тоа – рече…
Изградбата на Националниот дата центар претставува еден од клучните приоритети на Министерството за дигитална трансформација, а доколку процедурите се одвиваат според предвидениот динамички план, изградбата би можела да започне во 2027 година, најави министерот Стефан Андоновски за време на гостувањето во вестите на телевизија Сител. Според Андоновски, за реализација на овој проект веќе се водат разговори со меѓународни партнери, при што се обезбедени 30 проценти грант компонента преку Реформската агенда и Планот за раст, а локацијата е избрана во близина на Скопје. Во однос на приватните дата центри, тој потенцираше дека нема да се дозволат проекти кои би ја загрозиле…
Четиригодишно момче и двегодишно девојче починаа од труење со чад во куќа во романскиот град Талмациу, во округот Сибиу, откако во собата каде што спиеле дошло до опожарување од електрична греалка. Според првичните информации, на трагедијата ѝ претходел душек што тлеел откако ткаенини се запалиле од електричниот уред кој се користел за загревање на просторијата. Службите за итни случаи добиле повик околу 19:30 часот, со пријава дека една од собите е исполнета со чад. Спасувачките екипи ги пронашле децата во несвест и во кардиореспираторен застој, по што веднаш започнале со обиди за реанимација. „Децата биле пронајдени во кардиореспираторен застој поради…
По преземени мерки и активности, ОВР Делчево расчисти повеќе кражби извршени во маркети на подрачјето на Делчево. Постапувајќи по претходна пријава дека на 26.10.2026 околу 15:50 часот од маркет во Делчево, неколку лица одзеле разни производи, извршено е пребарување на теренот и по брзата реакција на полициските службеници, пронајдени се и лишени од слобода сторителите А.Б.(58), Б.Ш.(53) и А.А.(51), сите од Скопје, информираше МВР. Додека, при извршен преглед на патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., биле пронајдени и одземени разни производи кои потекнуваат од извршени кражби во повеќе маркети во Делчево. По целосно документирање на…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, нагласувајќи дека Владата е посветена на конкретна и бескомпромисна борба против корупцијата. „Каде има корупција? Еве нека ни кажат, имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има? Кој е извештајот од Европската комисија каде што велат дека има корупција? Еве сега ќе имаме нов извештај, којшто треба да пристигне за напредокот на земјата, еве да го почекаме да видиме. Второ, тој…
„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија. „Повеќе би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека оваа влада откако е избрана не само што ги брани државните интереси, туку и прилично успешно се справува со енергетската криза периодов, и додава дека сето тоа треба да биде поробусно, иако факт е дека сега се живее подобро од пред 3 или 4 години. „Ние сме влада трета година, некаде околу 28 месеци поминаа откако бевме избрани како влада. Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада. Ги браниме државните интереси, прилично вешто се снаоѓаме во услови на, би…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин, посветен на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Министерот Сали го истакна историското значење на Охридскиот договор за завршувањето на конфликтот во 2001 година и поставувањето на темелите за поинклузивно општество, засновано врз дијалог, еднаквост и меѓусебна почит. Тој нагласи дека Охридскиот договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како трајна обврска за градење институции што им служат подеднакво на сите граѓани. „Наследството на Охридскиот договор ќе биде најсилно кога еднаквото граѓанство ќе стане…
На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која дискутираше за политичките пораки и реториката на опозицијата во Собранието при што се осврна на застарениот начин на политичко дејствување и пропагандата што стои зад настапите на опозицискиот лидер. „Денеска со овој начин на политичко адресирање на сопствените пораки и политики, лидерот на опозицијата конкретно денес уште еднаш потврди дека гебелсовиот ПР од петата колона којшто стои зад него и зад целата оваа оркестрација и градењето на неговата политичка номенклатура е комплетно застарен, сеуште аналоген“, рече Ивановска. Ивановска истакна дека опозицијата во своето политичко дејствување…
Мобилната апликација „m.Uslugi“ забележа над 22.000 симнувања во првите 24 часа од нејзиното пуштање, информираше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Според неговите објави, корисниците веќе упатиле стотици коментари, како и десетици забелешки за нејзино подобрување, прашања и одговори. Андоновски упати благодарност до граѓаните за поддршката, нагласувајќи дека апликацијата е потполно бесплатна и не бара финансиски средства од државниот буџет. „m.Uslugi e бесплатна, државата не ја чини ни 1 денар. Наскоро интеграција на фотографија за употреба каде што е потребно, нови услуги, прифаќање во институции, компании..“, истакна Андоновски.
