Author: Author 04

Завчера во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него, информираа од полицијата.  Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение…

Повеќе

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на трасата. Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море. -Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови…

Повеќе

Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во општина Бутел наскоро ќе прерасне во нов модерен мега парк. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, денеска извршија увид во градежните работи на оваа локација. Проектот опфаќа површина од 8.000 м² и предвидува богати зелени површини, нов плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони прилагодени за сите генерации. Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи истакна дека овој простор со децении стоел заборавен, но со заеднички ангажман ќе стане пример за модерно уредување. „Со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски си дадовме збор…

Повеќе

Планинските региони во западните делови од Македонија попладнево се зафатени од нестабилна маса која носи врнежи и грмежи, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР информираат за моменталната состојба на теренот и правецот на движење на облачноста: „Според радарската слика нестабилност имаме во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец на движење северозапад-југоисток од која има пороен дожд.“ Освен во околината на Македонски Брод, нестабилно е и во Кичевско, каде што е регистриран „пороен дожд и појава на грмежи источно од Кичево“.

Повеќе

Поради реализација на планирани технички интервенции во електросистемската мрежа, утре (11 јуни 2026 година) без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од повеќе скопски општини и околни населени места. Во општина Чаир, во периодот од 07:30 до 15:00 часот, прекин ќе има во Старата скопска чаршија, поточно на делови од улиците „Покриена чаршија“ и „Ковачка“. На подрачјето на општина Сарај се планирани неколку прекини. Од 08:00 до 14:00 часот струја ќе нема во село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница и дел од село Кондово. Подоцна, од 09:00 до 12:30 часот, без напојување ќе останат и село…

Повеќе

Собранието во рамки на денешната 104. седница ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Фетаи ја поднесе оставката на 1 јуни, а преку социјалните мрежи соопшти дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. Во официјалното образложение тој наведува дека во сегашните околности веќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност. Во својата објава, сега веќе поранешниот вицепремиер истакна: „Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на…

Повеќе

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства. Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на општински, државни, регионални и меѓународни натпреварувања, во поединечна или екипна конкуренција. Истовремено, огласот ги опфаќа и учениците од семејства во социјален ризик, примателите на социјална помош, децата на самохрани родители, децата од најмалку четиричлено семејство со…

Повеќе

Учениците од прво до трето одделение од оваа година ќе добијат дигитални свидетелства, додека од следната година овој процес ќе се прошири и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерството веќе ги обезбеди потребните електронски печати и потписи, но со цел да се избегнат технички проблеми во помалите или руралните средини, годинава ќе се применува комбиниран модел. „За овие три одделенија воведовме систем што може да се нарече хибриден. Од следната година свидетелствата ќе бидат целосно дигитални. Дигитализацијата е од исклучително значење за државата и затоа се спроведува во МОН во…

Повеќе

Вистинска бура на социјалните мрежи по интервјуто на Александар Маленко. На неговите тврдења за тоа каде и како поранешниот премиер Никола Груевски ги поминал деновите пред експресното заминување од државата, со остар статус од Будимпешта возврати самиот Груевски.„Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што. Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно…

Повеќе

Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи. Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници наасоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме…

Повеќе