Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам
    • Вонредна контрола на АХВ: 470 кила месо заврши на депонија
    • „Летаа” казни за продолжениот викенд – Полицијата за три дена напиша 2.720 платни налози
    • Путин се согласи на преговори, Зеленски подготвен за неочекуваното
    • Жерновски на Фејсбук: Ти кажавме дека дувна „Северец”, ти отиде и вториот тутор
    • Актерка патувала 15 часа со авион за да стигне до Белград за да гласа за Студентскиот список – Еве и зошто
    • Подгответе се пред да тргнете на пат: Од 1 ноември ќе платите казна ако ја немате оваа опрема во автомобилот
    • Водовод информира: Дел од Скопје денеска без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам

    Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам

    26.10.2026 во 10:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Носителот на изборната листа „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, вчера се појави во седиштето на Српската напредна партија и официјално призна дека неговата партија ги изгубила изборите. Ова претставува прв изборен пораз на Вучиќ од 2012 година наваму, што означува значајна политичка промена во земјата.

    Пред своите симпатизери, Вучиќ соопшти дека победничката Студентска листа освоила над 2,2 милиони гласови, што е речиси двојно повеќе од резултатот на неговата политичка опција. Во своето обраќање, тој се осврна на обвинувањата од политичките противници.

    Велеа дека некој ќе бега, ќе ги пакува коферите, дека некој се плаши од нив… Лажеа за се. (…) Ќе имаме 105 пратеници, ќе се бориме и ќе покажеме што е опозиција – изјави Вучиќ.

    Тој оцени дека падот на неговата власт е резултат на надворешни влијанија, посочувајќи на „револуција спроведена дирекно од различни европски земји и длабоката американска држава“, при што им ја честиташе победата на „изведувачите на туѓи валкани работи“.

    Во врска со неговата иднина, тој децидно отфрли какви било шпекулации за напуштање на државата.

    Јас ја сакам Србија. Никогаш нема да заминам од Србија. Од слобода или од затвор, од секое место ќе ги победам многу побрзо отколку што мислат – порача Вучиќ.

    Прочитај повеќе

    Актерка патувала 15 часа со авион за да стигне до Белград за да гласа за Студентскиот список – Еве и зошто

    26.10.2026 во 10:02

    Подгответе се пред да тргнете на пат: Од 1 ноември ќе платите казна ако ја немате оваа опрема во автомобилот

    26.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.