Италијанскиот премиер Џорџо Мелони изрази длабока тага поради смртта на четиричлен екипаж од италијанскиот контингент на ЕУФОР, по падот на нивниот хеликоптер во близина на Брчко, Босна и Херцеговина.
Несреќата се случи во местото Горице за време на извршување редовни задачи, при што четири лица го загубија животот, а неколкумина други беа повредени.
Веста за трагичната несреќа на италијанскиот хеликоптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина е причина за длабока тага. Моите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите оние кои, ангажирани во мисијата за мир и стабилност во регионот, доживуваат часови неизвесност. Им изразувам најискрено сочувство, како и сочувство од италијанската Влада – изјави Мелони.
Од мисијата на ЕУФОР официјално ја потврдија информацијата за трагичниот инцидент на теренот.
ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони – изјавија тие.
Истражните органи ги утврдуваат причините кои доведоа до пад на леталото.

