Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата

    05.11.2026 во 10:42

    Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град

    05.11.2026 во 10:41

    Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата

    05.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
    • Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
    • Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
    • Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
    • Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
    • Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
    • Скандал на аеродромот во Белград: Алармот се активирал, но патникот сепак поминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата

    Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата

    05.11.2026 во 10:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија констатира „добар напредок“ во дигиталната трансформација и медиумите во Северна Македонија, а во Извештајот за напредокот за 2026 година го зголемува и нивото на подготвеност на државата во оваа област.

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информира дека оценката во Поглавјето 10 претставува подобрување во однос на претходните години. Како што посочува, во периодот од 2021 до 2024 година земјата бележела ограничен напредок, во 2025 година одреден напредок, додека во најновиот извештај е констатиран добар напредок.

    Андоновски наведува дека меѓу областите во кои се забележани подобрувања се зголемувањето на бројот на електронски услуги и двојно поголемото нивно користење од страна на граѓаните, подобрената електронска размена на податоци меѓу институциите и зајакнувањето на кибербезбедноста.

    Како дел од постигнатите резултати ги посочува и донесувањето нови закони и стратегии усогласени со европските стандарди.

    Според министерот, целта на дигиталната трансформација е придобивките да ги почувствуваат граѓаните и компаниите во секојдневното функционирање, преку помалку чекање, помалку документација и побрзо добивање услуги.

    Андоновски оценува дека позитивната оценка од Европската комисија е признание за досегашните активности, но и обврска за продолжување на реформите во процесот на дигитализација на државата.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град

    05.11.2026 во 10:41

    Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата

    05.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.