Author: Author 04

„Денеска е еден од оние денови кои што се паметат цел живот. Ден кога со гордост, пред сите нас, пред своите семејства и пред татковината, ја дадовте заклетвата со која презедовте една од најголемите одговорности со која што може да се носи еден млад човек а тоа е да и служи на својата татковина“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се обрати по повод свечената заклетвата која ја дадоа 30. класа питомци. На свеченоста на која присуствуваше началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници…

Повеќе

Синоќа во 21:40 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријавила дека претходно околу 18:35 часот во автобус на подрачјето на Центар, едно повозрасно машко лице ја допирало по телото нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот апелационен судија Ѓоко Ристов, во предметот поврзан со пронајдените 350.000 евра скриени во ѕид. На денешното рочиште исказ даде таткото на сопругата на Ристов, кој пред судскиот совет објаснуваше како се обезбедувале финансиите за купување стан во скопската општина Карпош. Според неговото сведочење, за купување на станот со површина од околу 150 квадратни метри биле платени приближно 140.000 евра. Сведокот посочи дека меѓу двете семејства постоел претходен договор за заедничко финансирање на купувањето, при што секоја страна обезбедила по 70.000 евра. Тој пред судот изјави дека парите што ги…

Повеќе

Утре 23.10.2026 (петок) со почеток во 08:00 часот, во организација на Атлетски клуб ќе се одржи атлетска трка по повод Денот на Македонската борба насловена како „Атлетска трка 23-ти Октомври“, со траса на движење од парк „Жена Борец“ на ул.„11-ти Октомври“, право по плоштад „Македонија“, право преку Камени мост, лево по ул.„Иљо Војвода“, лево по тротоарот на мостот „Гоце Делчев“, лево по кејот на р. Вардар до обележано место и назад по истата патека се до целта пред споменикот на Основачи на ВМРО во парк „Жена Борец“ во Скопје, соопштија од МВР. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот…

Повеќе

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител. При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски. „Најголемата благодарност му ја должиме на семејството на починатиот дарител. Во најтешкиот момент, тие донесоа одлука која на двајца наши сограѓани им враќа живот без дијализа. Тоа е чин на исклучителна хуманост, за кој нема доволно…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“, информираа од МВР. На 29.06.2026 во Итна медицинска помош Тетово, првопријавената примила телефонска пријава, но не испратила екипа за укажување медицинска помош на повредено лице во с. Доброште, за што го известила и второпријавениот, кој бил раководител.

Повеќе

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми“ во атар на Пехчево, трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од с.Црник, пехчевско, излетал од патот, соопштија од МВР. Од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.

Повеќе

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати…

Повеќе

Македонија го удвои буџетот за наука за краток период, воспостави нова стратешка рамка и ја модернизираше истражувачката инфраструктура, а сега фокусот е насочен кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа учествуваше на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан, што во организација на Европската комисија се одржува во Брисел. „Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за…

Повеќе

Изградба на пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри низ цела Преспа, подобрени комунални услуги и реконструкција на патишта и улици се дел од проектите реализирани во првата година од вториот мандат на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Тозиевски на денешната прес-конференција направи осврт на сработеното во изминатиот едногодишен период, истакнувајќи дека фокусот на локалната самоуправа останал насочен кон инфраструктурата, водоснабдувањето, заштитата на животната средина и туризмот. Во делот на инфраструктурата, реализирани се реконструкцијата на патниот правец од Мостот на Голема Река до депонијата, хидротехнички истражувања во село Штрбово, изведба на примарна водоводна мрежа на улицата „Наум Веслиевски“, како…

Повеќе