Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Таткото на сопругата на Ѓоко Ристов сведочеше за станот во Карпош: Плативме 140.000 евра, секоја страна даде по половина
    • Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици
    • (ФОТО) Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Годинава изведени 15 трансплантации на Урологија
    • Падна кривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
    • Трактор излета од пат во Пехчево, загина маж
    • Николоски: Мора да ги развиваме коридорите 8 и 10 за да обезбедиме економски напредок на Македонија
    • Насилството од улиците се префрли во Собранието – тепачка во Парламентот на Албанија
    • Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Таткото на сопругата на Ѓоко Ристов сведочеше за станот во Карпош: Плативме 140.000 евра, секоја страна даде по половина

    Таткото на сопругата на Ѓоко Ристов сведочеше за станот во Карпош: Плативме 140.000 евра, секоја страна даде по половина

    22.10.2026 во 13:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот апелационен судија Ѓоко Ристов, во предметот поврзан со пронајдените 350.000 евра скриени во ѕид.

    На денешното рочиште исказ даде таткото на сопругата на Ристов, кој пред судскиот совет објаснуваше како се обезбедувале финансиите за купување стан во скопската општина Карпош.

    Според неговото сведочење, за купување на станот со површина од околу 150 квадратни метри биле платени приближно 140.000 евра.

    Сведокот посочи дека меѓу двете семејства постоел претходен договор за заедничко финансирање на купувањето, при што секоја страна обезбедила по 70.000 евра.

    Тој пред судот изјави дека парите што ги обезбедил тој биле во банкноти од по 200 и 500 евра.

    На претходното рочиште за овој случај сведочеа родителите на поранешниот судија Ристов, кои даваа објаснувања за потеклото на скриените пари во ѕидот.

    Неговата мајка тогаш тврдеше дека парите биле нејзини лични заштеди и дека лично ги криела во ѕидот, во банкноти од по 50 евра, додавајќи дека за тоа никој друг не знаел.

    Судската постапка за случајот продолжува во наредниот период со изведување докази и сослушување на дополнителни сведоци.

    Прочитај повеќе

    Утре од 8 часот наутро посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје: Се затвораат повеќе улици

    22.10.2026 во 13:33

    (ФОТО) Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Годинава изведени 15 трансплантации на Урологија

    22.10.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.