- Владата го изгласа „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе се применува на Ќафасан
- Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта
- По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон
- ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски не може да се помири со поразот во Карпош, стана болен кога треба да се соочи со правдата
- Започна да врне во делови од Македонија
- Детали за децата пронајдени во бессознание во Куманово – родителите одбиле болничко лекување и токсиколошки анализи
- Апсење на булевар во Прилеп: Маж се шетал среде бел ден со пушка
- Шалтерски работник во прилепската болница фотографирал картичка на пациент и направил 71 онлајн нарачка
Author: Author 04
Вистинска бура на социјалните мрежи по интервјуто на Александар Маленко. На неговите тврдења за тоа каде и како поранешниот премиер Никола Груевски ги поминал деновите пред експресното заминување од државата, со остар статус од Будимпешта возврати самиот Груевски.„Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што. Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно…
Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи. Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници наасоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) штотуку издаде вонредно известување за моменталната состојба со времето во државата. Иако главниот бран од силниот студен фронт се најавуваше за утре, најновите радарски снимки покажуваат дека атмосферата веќе е сериозно дестабилизирана во делови од Македонија. „Според најновата радарска слика, во западните и југозападните планински региони во моментов има појава на нестабилност проследена со пороен дожд и силни грмежи“, соопштуваат вонредно од УХМР.
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе…
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h),…
Македонија самостојно ќе ја реализира изградбата на капиталните хидроенергетски капацитети „Чебрен“ и „Галиште“, инвестиција вредна 1,5 милијарди евра за која моментално се изработува финалната физибилити студија. Оваа стратешка одлука ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, ставајќи крај на триесетгодишниот лавиринт во кој пропаднаа дури 14 меѓународни тендери. Двата проекти лоцирани во клисурниот дел на Црна Река, узводно од постојната ХЕ „Тиквеш“, ќе имаат огромно значење за енергетската независност: Покрај хидропотенцијалот, премиерот најави дека Владата планира изградба на гасни когенеративни централи за струја и парно со директни приклучоци до секој дом. Паралелно, на терен веќе напредува изградбата на ветерниот парк кај Штип…
Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на сторителката и расчистување на случајот, додека детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика кон Бугарија со цел да се добере до власт. Според Лефков, демагошката програма на СДСМ не го дава посакуваниот ефект на анкетите, поради што опозициското раководство се врти кон надворешни отстапки. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт. Иако над 80 проценти од македонските граѓани сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не се чекор кон ЕУ и дека оваа отстапка не треба да…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави најновиот извештај за температурите измерени во 11:00 часот низ земјава. Податоците јасно најавуваат дека не очекува екстремно топол ден, бидејќи во најтоплите градови температурата веќе се приближи до 30-тиот степен. Југот на Македонија и Повардарието традиционално се најжешки во овој дел од денот. Во главниот град Скопје исто така е доста спарно. На мерната станица Скопје-Петровец во 11 часот се измерени 27,6°C, додека на Зајчев Рид се регистрирани 26,9°C. Во Охрид е нешто попријатно со измерени 22,7°C. Спас од претпладневните горештини има само на планинските центри. На Попова Шапка во 11 часот се…
Лишени од слобода две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило, следува пријава На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 07.06.2026 околу 00:45 часот на улица „Јадранска магистрала“ одзеле патничко…
