- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
- Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
- Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
- Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
Author: Author 04
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Х.С.Ј.(36) од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал. По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода. Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид…
Полициски службеници од ОВР Кратово вчера претпладне ја лишиле од слобода 41-годишната С.Д.Б. од Кратово по пријава за инцидент на познатиот локалитет. Апсењето било извршено во 11:30 часот, откако претходно било пријавено дека жената се обидела неовластено да наплаќа билети за влез во локалитетот „Камени кукли“. Според информациите од полицискиот билтен, таа им упатувала и закани на лицата Р.П. и Ј.Б. од Скопје.Претходно истата жена беше приведена поради истата причина неовластена наплата на билети и физички напад поради паркинг простор. Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите детали околу случајот, против приведената ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода А.С.(27) од с.Лојане, општина Липково. Тој бил затекнат во с.Лојане при обид да купи дрога од Б.М.. Во обид да извршат проверки над нив, Б.М. го стартувал патничкото возило „бмв“ и од прозорец нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што побегнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „даночно затајување“ по член 279, и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 и „бесправно градење“ по член 244-а и против А.Ј.(71) од с.Коџалија, радовишко, поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Во периодот од 29.10.2019 до 02.11.2021, првопријавениот И.Ј., како лице ополномоштено на банкарска девизна сметка на неговата мајка, второпријавената А.Ј., на сметката во една банка примиле 579.015 евра или 35.609.422…
Двајца државјани на Алжир, на возраст од 24 и 23 години, се приведени во Скопје по пријава дека од угостителски објект во Аеродром украле пари. Според МВР, тие биле приведени на 27 октомври околу 18:50 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, откако сопственикот на објектот пријавил дека околу 16 часот од шанкот му биле одземени пари. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишната А.М. од Крива Паланка поради сомнение дека нападнала полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија. Според МВР, инцидентот се случил на 9 август годинава на подрачјето на Куманово. Против жената е поднесена пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
Денеска по претходна пријава дека на патот Гостивар – Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода, соопштија од МВР. Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие се задржани…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е уверена оти наскоро ќе биде најдено решение за студентскиот оброк. Таа најави дека разговорите со студентските претставници продолжуваат, а денеска е предвидена и средба со премиерот и студентите. – Имав средба со студентите, со претставници на студентските собранија на неколку универзитети, зборувавме за студентскиот оброк. Апсолутно сум сигурна дека ние решение ќе изнајдеме, но, гледам една мала дисонанца во континуитет на раководството на студентските собранија, а мислам дека не беа сосем доволно информирани за договорите што претходно сме ги имале со студентите и не сме имале никаков проблем во решавањето…
Седумнаесетгодишник е осомничен дека одзел паричник од локал во тетовско село, по што ја искористил платежната картичка со која направил купување во маркет, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот во Полициското одделение во Јегуновце бил пријавен вчера, на 27 октомври во 22:55 часот, од страна на 46-годишен жител од тетовско село. Според пријавата, паричникот му бил одземен на неговиот 16-годишен син од страна на другар со кој заедно го чистеле локалот. Откако сопственикот добил известување за направена електронска трансакција, ги прегледал безбедносните снимки од локалниот маркет, при што било утврдено дека 17-годишникот ја употребил украдената картичка. Од МВР информираат дека…
Денеска студентските претставници ќе се сретнат со премиерот и министерката за образование и наука, со цел да ги презентираат актуелните проблеми со кои се соочуваат. Во фокусот на средбата се очекува да биде барањето за зголемување на субвенционираниот студентски оброк. Средбата се одржува по обвинувањата од дел од студентските собранија дека износот на студентскиот оброк не е зголемен три години и дека надлежните не ги почитуваат законските одредби. Студентите посочуваат дека сегашниот износ не е усогласен со стапката на инфлација. Согласно законските измени од 2023 година, субвенционираниот студентски оброк беше зголемен од 120 на 140 денари, со предвидена годишна корекција…
