- Полициска акција низ Македонија: Уапсени седум возачи, фатени како возат пијани, без дозволи и под забрана
- Алармантни 24 часа во Македонија: Нападнат маж во Скопје, пијан велешанец ја тепал сопругата, кумановец ја нападнал ќерката
- ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија преку Планот за раст
- Филипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ
- Инцидент во Градскиот парк: Пијан малолетник нападнал полицајци во Карпош
- Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат
- (ФОТО) Шверц на дрога на Стар Дојран: Фатени со 66 пакувања марихуана во автомобил, полицијата уапси две лица
- (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг
Author: Author 04
Евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево изјави дека има видливо забрзување на реформскиот процес во Македонија во споредба со минатата година. Тој изрази оптимизам дека претстојниот извештај на Европската комисија ќе ги рефлектира овие позитивни промени. Според него, во тек е подготовката на Годишниот извештај на ЕК, кој треба да биде финализиран на почетокот на есента. „Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот Извештај на…
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска порача дека Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но дека употребата на придавката „македонски“ во однос на идентитетот и народот не може да се забрани. Реакцијата на претседателката следува по новинарски прашања за вербалната нота врачена до бугарскиот амбасадор, поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“. Силјановска-Давкова нагласи дека нејзиниот став кон договорот од Преспа не е променет и дека токму потписниците треба први да инсистираат на негово доследно почитување во меѓународните односи. „Не се забранува ниту, пак, може да се забрани употребата…
ВЛЕН оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети. „Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за конкретна имплементација на реформите. Фактот што правните предизвици на Универзитетот „Мајка Тереза“, вклучително и прашањата поврзани со Статутот, веќе се надминати, покажува дека реформите не останале само на хартија, туку се спроведува функционален модел кој гарантира стабилност, квалитет и универзитетска автономија. ВЛЕН потенцира дека високото образование останува приоритет, со фокус…
Цените на нафтата денес бележат нов сериозен раст на светските берзи, поттикнати од геополитичките тензии на Блискиот Исток и стравувањата од можни нарушувања во глобалното снабдување. Според последните податоци од пазарите, северноморската нафта „Брент“ веќе се продава по цена од околу 105 долари за барел. Истовремено, американската сурова нафта WTI се движи околу 100 долари за барел. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста околу безбедноста на транспортните рути, особено околу Ормутскиот Теснец, кој е клучна точка за светската трговија. „Во изминатите денови пазарот реагираше чувствително на секоја информација поврзана со можни ограничувања во снабдувањето, што дополнително ги турка цените нагоре“, коментираат…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.05.2026, пријавениот испратил смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Берово.
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари. Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари. Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерот Тимчо Муцунски денес признава дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор, и ги доби изборите со лажна теза дека СДСМ е предавник на македонскиот идентитет, а денес изјавите од највисоките функционери на партијата потврдуваат дека свесно манипулирале со граѓаните и дека сега, кога се на власт, ги фалат истите политики што со години ги напаѓаа. „ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите…
Вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 86-годишниот Д.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава
Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија. На настанот учествуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот,…
Вчера во 10:22 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:10 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Серава“ во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и други две лица пожарот бил изгаснат, при што едно од лицата вдишало чад и било пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
