Author: Author 04

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 02.10.2025 во напуштена куќа на подрачјето на Шуто Оризари, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка.  

Повеќе

Вчера во СВР Велес, од Центар за социјални работи Велес било пријавено дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен  лекарски преглед, информираа од МВР. Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна познаничка дека ја измамил за сума од 1.558.300 денари , соопштија од МВР.Според пријавеното, претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, а по завршување на процедурата ѝ ги земал парите и не сакал да се види со неа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

МВР соопшти дека вчера во 16:45 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје е пријавено дека во подрумски простории на подрачјето на Карпош во Скопје, сопственост на нејзиниот покоен татко, биле пронајдени рачни бомби и муниција од различен калибар. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а пронајденото било подигнато за понатамошна постапка. 

Повеќе

Вчера во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш, соопштија од МВР. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 14:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Т.(56) од Штип, информираа од МВР.Според пријавеното, на 24.10.2026, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 79-годишен татко, кој потоа се обидел да побегне со возило, по што Г.Т. го следел со неговото возило и го удрил со намера да го исфрли од коловозот. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од с.Стајковци, скопско, соопштија од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Во периодот од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје спроведоа засилена заедничка инспекциска акција на целата територија на општината, со цел воспоставување комунален ред и подобрување на хигиената на јавните површини. Тетеренот беше поделен на пет реони кои се контролираа во две смени од страна на 45 инспектори и комунални редари, при што беа ангажирани и униформирани полициски службеници од ПС Карпош. Акцијата заврши со целосна контрола на територијата на Бардовци и Злокуќани, каде што покрај чистењето на дивите депонии беа изречени и повеќе прекршочни платни налози. Во рамки на еднонеделниот надзор, инспекциските служби утврдија голем број…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, при што порача дека целта на Владата е создавање економија во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот за секое семејство. Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, производи, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство. Зборуваме за достоинството на трудот, за правото на секој човек да има пристојна работа, праведна плата, безбедни услови и можност да напредува – истакна Мицкоски во своето обраќање. Тој нагласи дека Владата…

Повеќе

Кривична пријава за сомнение за „вонбрачен живот со дете“ е поднесена против 19-годишник од Скопје, кој привремено престојувал во Струга. Според информациите од МВР, на 8 септември 2026 година, со судска наредба бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот. Таму бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката била предадена на претставници на Центарот за социјална работа во Струга за натамошно постапување.

Повеќе