- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Туристички брод со околу 20 туристи се запали во близина на пештера зад островот Свети Никола, во близина на Будва. Како што потврдија за Вијести од Јавното претпријатие за управување со крајбрежната зона, туристите биле евакуирани со нивниот брод, а пожарот бил изгаснат. Во гаснењето на пожарот учествувале двајца морнари и четворица пожарникари. Користена е опрема од пристаништето Будва, кое го управува Управата за крајбрежна зона. Бродот на пристаништето Будва е опремен и за гаснење пожари. Екипи на брза помош и полиција се наоѓаат во пристаништето Будва, каде што туристите беа донесени по евакуацијата.
Првите 30 електрични еколошки автобуси се очекува да бидат испорачани во јануари, што е порано од предвидениот рок во договорот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“. Николоски ги отфрли сите сомневања и шпекулации поврзани со квалитетот на возилата, истакнувајќи дека целата европска индустрија во моментов зависи од батериите што се произведуваат во Кина. „Со сигурност едно знам, затоа што ги знаеме техничките спецификации, а тоа е дека батериите ќе се произведуваат во Кина, од причина што во моментов на европскиот пазар, зборувам на европскиот пазар, не можете да најдете електричен автобус кој што…
Седмиот ден од протестите во албанската престолнина Тирана беше одбележан со жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, а ситуацијата ескалираше неколку пати во текот на денот, објави Botasot.info. Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели, додека безбедносните сили одговорија со солзавец, водени топови и гумени куршуми. Протестите започнаа на 13 октомври од страна на студентите, а потоа им се придружија и бројни граѓани. Митингот кој започна мирно, прерасна во насилни судири и напади врз државни институции. Ескалација се случи околу 13 часот пред Министерството за образование кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења, по што полицијата употреби водни топови. Околу 14 часот…
Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа во руски напад со дрон врз парк во градот Нова Водолаха, во Харковскиот регион во североисточна Украина, објави регионалниот гувернер Олех Синехубов. Дронот го погодил централниот парк во момент кога таму имало голем број луѓе и семејства со деца, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вигивски. Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време, а според прелиминарните податоци на обвинителството, користен бил дрон од типот „Геран-3“. На социјалната мрежа „X“ се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги објави деталите за загинатите и повредените. Ужасен руски напад во регионот Харков.…
Гевгелија е најтоплиот град во Македонија и во вечерните часови, со измерени 18,5 степени во 20:00 часот и максимална дневна температура од 25,4 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според вечерните мерења во 20:00 часот, релативно топли температури за овој период од денот се евидентирани и во Демир Капија (16,5°C), Штип (15,8°C), Велес (15,4°C), Зајчев Рид (15,1°C) и Тополчани (15,0°C). Најниски температури вечерва во 20:00 часот се измерени на Попова Шапка (7,4°C), Берово (7,7°C) и Лазарополе (7,8°C). Во останатите градови во 20:00 часот беа измерени: Крива Паланка 9,6°C, Крушево 9,7°C, Битола и Охрид со по 11,0°C, Претор 11,3°C,…
Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, вели во интервју за ” 360 степени”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија, додаде Николоски. ” Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше,…
Словенечката полиција откри нелегална фабрика за цигари во која 34 лица, од кои 33 државјани на Парагвај и еден од Бугарија, биле принудени да работат во тешки и нехумани услови без паричен надомест. Случајот го обелодени Митја Јагер, директор на Управата за криминалистичка полиција, на прес-конференција, а информациите ги пренесе словенечкиот медиум „Večer“. Работниците од Парагвај биле намамени со лажни ветувања за плата од неколку илјади до 10.000 евра месечно. По пристигнувањето во Загреб во септември, биле пренесени во Лендава, каде што веднаш им биле одземени телефоните, им било забрането излегување и контакт со семејствата. Биле принудувани да работат во…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско. Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија. Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Православните верници следната недела на 27 октомври го празнуваат денот посветен на Преподобната мајка Параскева, во народот познат како Петковден, еден од најраспространетите и најпочитуваните празници кај македонскиот народ. Света Петка била од словенско потекло, родена во градот Епиват. По смртта на нејзините побожни родители, заминала во Јорданската пустина, каде што во пост и молитва го поминала најголемиот дел од животот. Се успокоила во 11-тиот век во родното место, а нејзините чудотворни мошти денес почиваат во градот Јаши, Романија. Во православната традиција се одбележуваат три личности со истото име Параскева-Петка, поради што кај народот често се меша нивниот спомен. Покрај…
Франција се соочува со сериозни немири по викендот исполнет со насилни судири, пожари и грабежи во повеќе градови ширум земјата. Властите најавија воведување на делумен полициски час во одредени области, додека полициските сили се обидуваат да воспостават целосна контрола на теренот. Протестите, кои првично беа поттикнати од високите трошоци за живот и незадоволството од јавните услуги, во саботата прераснаа во насилни инциденти. Според официјално објавените информации, во текот на изминатиот викенд биле приведени повеќе од 2.300 лица, а околу 3.000 продавници биле оштетени или погодени од грабежи. Насилството интензивно ги зафати Париз, Лион, Марсеј и други француски градови, каде што…
